ШПАНИЈА
CO АВТОБУС - ЈУЛИ 2025
Незаборавен летен одмор каде што ќе добиете
можност да посетите повеќе од 10 европски градови, да ја истражите нивната
историја, култура и знаменитости. Од раздвижените улици на Монте Карло до
шармантните канали на Венеција, ќе можете да уживате во најубавите и
највозбудливите места во Европа.
Доколку сте прв пат во Шпанија, на оваа наша авантура сигурни сме дека ќе имате незаборавни 2 недели.
Земјата на сангријата, Коридата, фудбалот, преубавата и егзотична Шпанија Ве очекува. Не ја пропуштајте оваа неверојатна можност да стекнете доживотни спомени. Придружете ни се за најдоброто лето во вашиот живот!
11.07.2025-22.07.2025
ШПАНИЈА - АВТОБУС |
Регуларна цена |
||
11.07 - 22.07.2025 |
Malgrat de Mar |
Cartago Nova 3* |
649 евра |
Хотелот се наоѓа на само 100 метри од плажата Platja de l’Astillero и 2 километри од центарот на Малграт де Мар. Гостите можат да уживаат во отворен базен, детски базен, ресторан со шведска маса, бар, кафе-бар и ТВ сала. Сите соби се климатизирани и опремени со балкон, сателитска ТВ, телефон, сеф (дополнително наплаќање), работна маса и сопствена бања со туш или када, фен и бесплатни тоалетни потреби. Бесплатен Wi-Fi е достапен во сите јавни простори и во собите (со надоместок). Хотелот нуди и услуги како изнајмување на велосипеди, 24-часовна рецепција, менување на валута, туристички информации и аеродромски трансфери (дополнително наплаќање).
Програма на патувањето:
11.07.2025 Поаѓање од Скопје во 14.00 ч. Ноќно возење
преку Србија, Хрватска и Словенија.
12.07.2025 - Пристигнување во утринските часови на пристаништето Пунто Сабиони и
започнување со првата факултативна екскурзија во Венеција. Сместување во хотел
во регијата Венето (Хотел со 2* или 3*)
Ноќевање
13.07.2025 - Појадок и поаѓање кон Верона. Прошетка низ центарот на Верона, посета на
една од најстарите арени од римско време каде денес се одржуваат бројни познати
концерти на најпознатите музички ѕвезди, куќата на Јулија, споменикот на Данте
Алигиери. Поаѓање
кон Шпанија - Ноќно возење
14.07.2025 - Пристигнување во Малграт Де
Мар и сместување
во хотел со 3* . Малграт
Де Мар е мирно градче со многу локални продавници за сувенири, шопинг,
ресторани, огромна преубава плажа. Во хотелот имаме 2 оброци (појадок и вечера) - Шведска маса.
14.07.2025 - 20.07.2025 - Престој во
Малграт Де Мар – хотел
CARTAGO NOVA 3*.
20.07.2025 - После појадок поаѓање кон Кан и Ница. Сместување во хотел
во Кан / Ница со 2/3*
Посета на пристаништето на Кан, филсмкиот
фестивал, посета на промеданата на Ница, патеката на Формула 1 во Монако,
палатата на принцот и целиот ноќен гламур на Монако и Монте Карло со луксузните казина, јахти,
крузери и уникатни автомобили. Ноќевање
21.07.2025 - Појадок и одјавување од хотел . Поаѓање кон
Скопје.
22.07.2025 - Пристигнување во Скопје во претпладневните
часови
Цената на
аранжманот вклучува:
- Организација на патувањето и водич
- Превоз со високо туристички автобус (ТВ, клима)
- 1 ноќевање со појадок во регионот на Лидо ди Јесоло
- 6 полупансиони (појадок и вечера - шведска маса) во Малграт Де Мар во двокреветни и трокреветни соби
- 1 ноќевање со појадок на Азурен брег (Франција - Кан / Ница во хотел со 2/3*)
- Бесплатна посета на Кан, Ница, Верона, Монако и Монте Карло
Цената не вклучува:
- Патничко осигурување, истото може да се извади и во агенција по цена од 650
денари
- Доплата за еднокреветна соба = 400 еур по лице / за сите ноќевања во хотел
според програмата
- Задолжителна туристичка такса во хотел во Италија и Шпанија = 2 еур по лице /
ден., се плаќа на рецепција во хотел при сместување
Дополнителни информации:
- Резервација на место за аранжман се прави со задолжителна уплата од 30% од цената.
- Остатокот од цената на аранжманот се плаќа 15 дена пред поаѓање.
- Плаќањето е во денарска
противвредност по курс 1 евро=62 денари.
- Попуст за дете од 2 до 12 год - 40 еур
- Резервација на посакувано место во автобус - 1000 ден од седиште по лице
- Дозволено е само еден голем куфер до 20 кг по лице и еден ранец за патување
- Патниците мора да поседуваат валиден пасош со рок на траење од мин. 90 дена
од влез во Европска Унија
- Распоредот на факултативите може да претрпи одредени измени.
- Магичните фонтани од Ковид периодот не работат поради рестрикција со вода, пред тргнување патниците ќе бидат известени дали истите ќе работат
- Задолжително 48 часа пред тргнување патниците ќе бидат известени за локацијата на тргнување.
ФАКУЛТАТИВНИ
ЕКСКУРЗИИ:
1. Посета на Венеција со Брод. - 30
ЕУР
- Пристигнување на пристаништето Пунто Сабиони во претпладневните часови (околу
10.00) Почеток на турата со посета на: Мостот на воздишките, плоштадот
Св.Марко, Дуждевата палата, мостот Риалто, прекрасните мали канали
како и големиот канал кој ја дели Венеција на 2 дела. Можност за индивидуално слободно време за прошетки, возење со
гондола, посета на продавници и сл.
2. Посета на Верона - Бесплатно
- Пристигнување во Верона. Прошетка низ центарот на Верона, посета на
една од најстарите арени од римско време каде денес се одржуваат бројни познати
концерти на најпознатите музички ѕвезди, куќата на Јулија, споменикот на Данте
Алигиери
3. Посета на Кан, Ница и Монако и Монте Карло - Бесплатно
- Посета на Пристаништето на Кан, Филсмкиот фестивал, посета на промеданата на
Ница, патеката на Формула 1 во Монако, палатата на принцот и целиот ноќен гламур
на Монако и Монте Карло со луксузните казина, јахти, крузери и уникатни
автомобили.
4. Барселона Панорамика - 65 еур
Целодневен разглед на Барселона и
посета на Саграда Фамилја, куќите на Гауди & Paseo de Gracia, плоштад
Каталуња, споменикот Кристофер Колумбо, Монжуик и влезница за Паркот – Шпанско
Село. Слободно време за шопинг и индивидуални активности во центарот на градот
(Estacio de Franca)
Најголемиот аквариум со медитеранска тематика во светот. Започнете со водено патување низ тропските океани, коралните гребени и морските заедници на Медитеранот. Со 35 аквариуми и 11.000 животни од 450 видови, овој акавриум е еден од најголемите во Европа и ви нуди незаборавно запознавање со морскиот свет.
Трансфер до локацијата, влезница и Сангрија (Традиционално Шпанско вино)
Откријте го музејот Салвадор Дали во Фигерес и магичниот средновековен град Жирона, двете од најпознатите атракции во северна Каталонија.
Музеј на Дали – е музеј на уметникот Салвадор Дали во неговиот
роден град Фигереш, во Каталонија, Шпанија. Срцето на музејот е градскиот
театар што Дали го знаел како дете. Музејот ја прикажува единствената најголема
и најразновидна колекција на дела на Салвадор Дали.
Херона –
позната по својата средновековна архитектура, заграден со ѕидови Стариот кварт
(Бари Вел) и римските остатоци од тврдината Форца Вела. Украсените градини се
наредени низ Passeig Arqueològic, патека по средновековните ѕидини на Стариот
кварт, кои вклучуваат караули со огромен поглед.
*Можност за
дополнителни факултативни екскурзии по барање на групата
* За секоја
факултатива потребно е минимум 25 патници