Wonder Ски Забава - Банско

08.01. – 13.01.2027
 

 Замисли бело снежно царство, планински врвови обвиткани во магија на зимата...Ви гарантираме шест дена исполнети со многу забава, адреналин, смеа и незаборавни моменти. Тоа е Банско - најголемиот и најпосакуван зимски центар во Бугарија, познат по најдолгите скијачки стази на Балканот и богата културна душа што се крие зад секоја улица од стариот град.
Само 160 км од Софија, во прегратката на величествената Пирин Планина, те очекува зимски одмор каков досега не си доживеал. Со Wonder Camp и нашиот искусен тим, секој ден на снег станува приказна за раскажување.

НАПОМЕНА: Децата се распределени во групи според ниво на скијање, секогаш придружувани од инструктор кој не ги остава ниту за момент на терен. Безбедност, забава и напредок - сè во едно.

Хотел Mountain Paradise by the Walnut 4*
 Хотел Sunrise 4*
 Хотел Maraya 4*

*Напомена: cо пополнување на местата во овие хотели, се отвораат дополнителни места во нови хотели.

329€ (за првите 250 пријавени!)

355€ регуларна цена


Цената вклучува:

  • 5 ноќевања во 4* хотел со два оброци дневно (појадок и вечера на база шведска маса)
  • Ски инструктори 
  • Професионални тренери
  • Доктор на располагање 24/7
  • Трансфер од хотел до гондола
  • Спа центар во хотелот за релаксација
  • Туристичка такса

Цената не вклучува: 

  • Превоз Скопје/Струмица-Банско-Скопје/Струмица (45€ по лице)
  • Ски карта
  • Ски опрема
  • Вечерни забави
  • Патничко осигурување (500 денари) задолжително се вади преку агенцијата

Важна напомена: 

  • Пасошот мора да има важност од минумум 90 дена од влегување во земја од Шенген Зона
  • Секој патник мора да има валидно патничко осигурување
  • 30% депозит е потребно да се уплати со цел резервацијата да биде валидна
  • Плаќањета извршени во денари ќе се сметаат по курсот 1 ЕУР = 62 МКД.
  • Доктор достапен 24 часа
  • Со пополнување на апликација се согласувате со општите услови на Wonder Camp
  • Часовите за почетници се со времетраење од 2,5 до 3 часа
  • Доколку протоколите налагаат дека не може да се патува следува целосен повраток на средствата
  • Доплата за двокреветна соба е 10 Еур по лице на ден (со навремено барање поради достапноста)
     
    ВАЖНО 
    !
    * поради исполнет капацитет на постоечките хотели цената за новите хотели може да се разликува. 

ПРОГРАМА:
 
Прв ден: поаѓање во 09:00ч. од договорено место. Предвидено пристигнување и сместување во хотелот околу 14:30ч. Слободно време за одмор и релаксирање. Вечера во хотелот во 19:00ч. Во 21:30ч. ноќна забава

 Втор – петти ден: 
Појадок во 08:00ч. Времето за скијање започнува во 10:00ч. Вечера во 19:00ч. Во 20:30ч. започнуваат вечерните забави со познат Ди-Џеј.

 Шести ден
: Појадок и напуштање на хотелот во 10:00 и поаѓање кон Македонија во 11:00ч. Предвидено пристигнување околу 18:00ч.
 
Последен рок за аплицирање – се до пополнување на местата!