ЛЕТО 2026 – ГРЦИЈА
Вила ЛАНТИ - Сикиа
Опис Вилата Lanti (Ianthi Apartments) е семеен објект сместен во едно од најживописните места на вториот крак – Сикија, на само 150 метри од плажата Sykia Beach. Совршен избор за мирен семеен или паровски одмор, со уредени и пространи апартмани кои нудат удобност, чистота и прекрасен поглед кон морето или планината.
Локација Објектот се наоѓа во Сикија, во регионот Ситонија, на околу 150 метри од познатата песочна плажа Sykia Beach и 2 км од Tourkolimnionas Beach. Во непосредна близина се наоѓаат таверни, маркети и кафулиња. Валти плажа е на само 2,2 км, додека аеродромот во Солун е оддалечен околу 134 км.
Сместување и содржини Вилата располага со удобни студија и апартмани со керамички подови и модерен ентериер. Секое студио/апартман е опремено со:
- клима-уред
- телевизор со рамен екран
- приватен тоалет со туш и бесплатни тоалетни производи
- комплетно опремена кујна со фрижидер
- балкон или тераса (дел со поглед кон море, дел со планински поглед)
- постелнина и пешкири
Сместувањето располага и со семејни апартмани погодни за 3–4 лица, идеални за гости кои сакаат приватност и комфор.
Двор и удобности Во рамките на вилата има сончева тераса со лежалки, двор со зеленило, како и бесплатен приватен паркинг. Објектот нуди и услуга за изнајмување возила, а на гостите им е достапен и Wi-Fi интернет низ целиот објект.
Услуга и хигиена Собите се чисти, модерно уредени и се одржуваат со големо внимание. Постелнината и пешкирите се редовно менуваат, а персоналот е познат по љубезноста и семејниот пристап кон гостите.
Предности - Одлична локација – на 150 м од Sykia Beach
- Пространи и модерни апартмани
- Потполно опремена кујна во секој апартман
- Бесплатен Wi-Fi и паркинг
- Сончева тераса и пријатен двор
- Идеално за семеен или паровски одмор
Одалеченост од најубавите плажи на Ситонија:
2,2км од Турколимнионас
1,3км од Линараки
850м од Пигадаки
3,9км од Климатарија
6,8км од Криарици
5,1км од Тиганија
2,7км од Валти
1,4км од Гриавас
4.1км од Агридиа
5,3км од Платанија
- Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
- Цените се дадени за наем на студио без превоз за 7 ноќи/8 дена
|
Период |
СТД 1/3 |
AПП 1/2+2 |
|
17.05.2026 |
|
|
|
24.05.2026 |
|
|
|
31.05.2026 |
|
|
|
07.06.2026 |
|
|
|
14.06.2026 |
|
|
|
21.06.2026 |
|
|
|
28.06.2026 |
|
|
|
05.07.2026 |
|
|
|
12.07.2026 |
|
|
|
19.07.2026 |
|
|
|
26.07.2026 |
|
|
|
02.08.2026 |
|
|
|
09.08.2026 |
|
|
|
16.08.2026 |
|
|
|
23.08.2026 |
|
|
|
30.08.2026 |
|
|
|
06.09.2026 |
|
|
|
13.09.2026 |
|
|
|
20.09.2026 |
|
|
Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
* Сместување во студио за 7 ноќи
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
* Превоз до избраниот објект во Грција.
* Задолжително патничко осигурување.
* Користење на клима уред 5 евра на ден (доплата кај сопственикот)
* Останати индивидуални трошоци, факултативни екскурзии, дополнителни оброци….
* Турситичка такса 2 евра по соба од Ден (доплата на лице место)
НАПОМЕНИ:
– Доплата за туристичка такса 1,5 евра по соба од Ден (доплата на лице место)
– Во соба, дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни
– Поради генерално чистење на студијата после секоја смена, истите се напуштаат до 10:00 (локално време), а сместувањето е после 14:00 часот (локално време);
– Хигиената во објектот за време престојот ја одржуваат самите гости;
– Агенција го задржува правото во случај на слободни (непродадени) капацитете да ги објави и продаде слободните капацитети по Last Minute цени при што лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
– Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студиа, а не се селектирани од едно студио, истите служат за да дадат генерален впечаток на објектот за сместување.
– Кујните во сите студиа се опремени со најосновен прибор за подготовка на лесни јадења.
– Јачината на сигналот на Интернет, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност зависи исклучиво од давателот, техничките можности во одморалиштето и самиот регион и други фактори.
– Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
– Превоз од Скопје / Велес / Неготино / Смоквице / Гевгелија;
– Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.
– Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
– Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти.
– За овој аранжман важат Општите Услови на Патување.
ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
– За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин;
– Доплата за превоз:
- Метаморфози, Ормос Панагиас: возрасен 45 евра, дете до 12 години 35 евра
- Неос Мармарас: возрасен 50 евра, дете до 12 години 40 евра
- Торони, Сикија: возрасен 55 евра, дете до 12 години 45 евра
*Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште)