13.01 - 18.01.2027
Зимска магија за децата, време за уживање за родителите
Специјално креиран детски камп за деца на возраст од 7 до 15 години, кој нуди богата, забавна и едукативна програма со фокус на скијање, дружба и незаборавни зимски искуства. Нашата мисија е секое дете да го помине својот зимски распуст на најубав можен начин – во безбедна, весела и мотивирачка средина, опкружено со нови пријатели и под постојан надзор на искусен и посветен тим.
Секој ден вклучува скијачки часови со лиценцирани инструктори, кои имаат долгогодишно искуство во работа со деца. Групите се мали за да се обезбеди максимално внимание на секој учесник.
Учеството на вашето дете на Wonder Супер Распуст значи:
|
Hotel Mountain Paradise by the Walnut Trees 4* |
|
339€ по лице (до 23.10.2026 со 30% уплата од вкупниот износ) 375€ по лице (редовна цена) |
Цената вклучува:
Цената не вклучува:
На Wonder Зимскиот Камп во Банско, секој момент е осмислен за да им помогне на децата не само да уживаат, туку и да растат – физички, емоционално и социјално.
Секојдневните часови со лиценцирани инструктори не се само вежбање – тие учат на упорност, концентрација и поставување цели. Мали групи значат поголемо внимание и брз напредок.
Нашата програма е внимателно избалансирана со активности кои влијаат на различни аспекти од развојот на детето:
Во современото општество, кога родителите се соочуваат со сè побрзо секојдневие и се повеќе бараат активности што ќе им помогнат на децата да развиваат нови вештини и социјални односи, детските кампови стануваат сè попопуларен избор. Но, и покрај тоа што забава, учење и авантура се клучни аспекти на секој камп, сигурноста секогаш мора да биде највисок приоритет.
Физичка сигурност: Безбедна средина за игра и учење
Првиот чекор во обезбедување безбеден камп е избор на соодветна локација. Камповите треба да се наоѓаат во безбедна околина, далеку од сообраќаен метеж, опасни терени или индустриски зони. Објектите мора да бидат регуларно проверувани, да поседуваат основна противпожарна и прва помош опрема, како и јасно означени излези за евакуација.
Покрај тоа, активностите во кампот – било да се работи за спорт, водени активности или планинарење – мора да бидат внимателно надгледувани од обучени инструктори со познавање од безбедносни процедури.
Психолошка сигурност: Камп во кој секое дете се чувствува прифатено
Психолошката сигурност е исто така клучна. Децата треба да се чувствуваат безбедно, поддржано и охрабрено да се изразат без страв од осуда или исмејување. Обуката на персоналот треба да вклучува препознавање на знаци на анксиозност, стрес или булинг, како и техники за креирање пријателска и инклузивна атмосфера.
Обука и сертификација на персоналот
Обезбедување квалитетна обука за тимот е суштински елемент во секој успешен камп. Одговорните лица мора да имаат:
Секој камп треба да има јасна политика за реагирање во итни ситуации, комуникација со родителите и евиденција на медицинските потреби на секое дете (алергии, хронични заболувања, итн.).