ПРАЗНИЧНИ ПАТУВАЊА (8 Декември)
БУДИМПЕШТА

(Виена - Оutlet Shoping Center Parndorf - Сент Андреа)


 
Будимпешта – Kралица на Дунав, преполна со култура која освојува и заведува, преполна со романтични мостови и широки булевари, улички со калдрма, живописни куќи… Со спојувањето на трите града- Будим, Обуда и Пешта во 1873 год. настанала единствената Будимпешта, денес град со околу 2 милиони жители, административен, културен, научен, трговски и сообраќаен центар на Унгарија. Будимскиот дворец, авенијата Андраши со плоштадот на хероите и Милениумската подземна железница се прогласени за светско културно наследство под заштита на УНЕСКО. Ако сте љубители на уметноста, архитектурата и историјата Будимпешта е вистинскиот избор за Вас.

1 ден 04.12.2026 СКОПЈЕ – БУДИМПЕШТА Состанок на групата на паркингот на салата Борис Трајковски  во 16.00 часот. Тргнување за Будимпешта во 16.30 часот. Се патува преку Србија со куси попатни паузи. Ноќно возење.

2 ден 05.12.2026 БУДИМПЕШТА Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Препорачуваме панорамско разгледување на градот со стручен локален водич: Споменикот на Милениумот, Операта, улиците Ваци, Андраши, Ракочи, Парламентот, црквата “Св. Стефан”, мостовите на Дунав, Будим, Цитаделата, Кралската палата, црквата “Св. Матејас”, Рибарската тврдина…  Сместување во хотел… Слободно време за индивидуални прошетки и посета на Божиќни пазари.  Ноќевање.

3 ден 06.12.2026 БУДИМПЕШТА – СЕНТ АНДРЕА Појадок. По појадокот заминуваме  на посета на живописното гратче Сент Андреа, во близината на Будимпешта, во кое се негуваат старата архитектура и народни ракотворби, богато со голем  број винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви. Враќање во Будимпешта… предлагаме крстарење со брод по Дунав. По крстарењето слободно време за индивидуални прошетки во центарот на градот. Враќење во хотел. Ноќевање.

4 ден 07.12.2026. БУДИМПЕШТА – ВИЕНА Појадок. Препорачуваме  посета на Виена, со попатна посета на OUTLET  SHOPING CENTER PARNDORF (слободно време за шопинг 2,5 часа) Потоа одиме на панорамско разгледување на градот: Рингот, Парламентот, Виенската Опера, градското Собрание, Палатата Хофбург, Катедралата Св.Стефан. Слободно време за прошетки низ стариот дел на градот. Враќање во Будимпешта во доцните вечерни часови и веднаш поаѓање за Македонија. Ноќно и денско возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

5 ден 08.12.2026 СКОПЈЕ  Предвиденио пристигнување во Скопје на паркингот пред спортски центар Борис Трајковски  во утринските часови .
 

Цена на аранжманот за резервации до 31.08.2026: 199€ (12.340 ден.)

Редовна цена: 229€ (14.200 ден.)
180€ за 3-то лице или дете
 

Аранжманот вклучува 

  • Превоз со високотуристички автобус
  • 2 ноќевања во хотел 3* НП во Будимпешта
  • Организација и водство на програмата
  • Организација на аранжманот
  • Лиценциран туристички придружник

Не е вклучено 

  • Задолжително патничко осигурување 250 денари
  • Разглед на Будимпешта 20€
  • Крстарење по Дунав 25€
  • Посета на Сент Андреа 25€
  • Посета на Виена и OUTLET SHOPING CENTER PARNDORF 50€
  • ПАКЕТ ИЗЛЕТИ: 110€ (разглед на Будимпешта, крстарење по Дунав, посета на Сент Андреа, посета на Виенаи Outlet Parndorf)
  • Влезници за музеи и културно-историски знаменитости
  • Доплата за еднокреветна соба 3,550 денари
  • Доплата за избор на седиште (при резервација)-20€


НАПОМЕНИ:

  • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 40 патници.
  • Пасошот треба да има важност мин. 3 месеци од денот на враќање.
  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 15 дена пред поаѓање
  • Организаторот на патувањето не гарантира тип на лежај.( Двокреветна соба може да биде со брачен лежај или со два единечни лежаи, Трокреветна соба може да биде со три класични лежаи, брачен лежај и единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и дополнителен лежај ( ранч кревет или софа),   четворокреветна соба може да биде со четири класични лежаи, брачен лежај и 2 единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и 2 дополнителнителни лежаи ( ранч кревет или софа).
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
  • Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата согласно периодот на уплатата.
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање, поради недоволен број на патници или виша сила.
  •  Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди термин и час на поаѓање.