НОВОГОДИШНИ ПАТУВАЊА

МАРОКО

29.12.2023 – 06.01.2024 (7 ноќевања / 9 дена)

 

Авионски лет:

Pegasus Airlines (Скопје – Истанбул – Казабланка– Истанбул - Скопје)

Поаѓање:

29.12.2023 во 09:50ч. (Скопје)

Пристигнување:

30.12.2023 во 00:05ч (Казабланка)

Услуга:

7 ноќевања – 6HB + 1BB

 

 

Сместување (услуга)

1 ноќевање во Казабланка ODYSSEE HOTEL 4* или сличен

1 ноќевање во Мекнес ZAKI HOTEL 4* или сличен

1 ноќевање во Фес ESCALE HOTEL 4* или сличен

2 ноќевања во Рабат RIVE HOTEL 4* или сличен

2 ноќевање во Маракеш NASSIM HOTEL 4* или сличен

Друго вклучено:

Трансфери + вклучени разгледи според програма + претставник од Македонија

Враќање во Скопје

06.01.2024 во 08:55

 

Мароко е кралство кое се наоѓа на северозападниот дел на африканскиот континент, во регионот познат како Магреб, на бреговите на Атлантскиот Океан и Средоземното Море. На север граничи со шпанските енклави Сеута и Мелила, на исток и југо-исток со Алжир и на југ со територијата на Западна Сахара, која е под мароканска контрола. Мароко станала независна монархија во 1956 година, а една година подоцна султанот Мухамед се прогласил за крал. Тоа е земја со богата историја, од која исламистичките војски тргнале да го освојат Иберскиот Полуостров, каде античките Берберски народи се мешале со Арапски и Француски новодојденци. Во Мароко се и империјалните градови Фез, Мекнес, Маракеш и Рабат, со различни бои и архитектура, како и различноста на нивните жители . Постојат различни бои низ целото кралство, полни со прекрасни сцени и волшебни приказни. Ако сè уште има земја во современиот свет од бајките на Шехерезада, тоа е секако Мароко. Најголемиот град Казабланка и Тангиер на северот на земјата исто така магично го привлекуваат вниманието на многу туристи кои ја посетуваат оваа земја во текот на целата година. Ова е патување во земјата од бајките што ќе го воодушеви секој посетител, без исклучок.

 

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ:

1 Ден: 29.12.2023 СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ – КАЗАБЛАНКА: Состанок на патниците нa аеродромот „Скопје“ во 07:50 часот. Полетување за Истанбул во 09:50 часот со лет PC352. Пристигнување во Истанбул во 13:20 часот. Полетување за Казабланка во 20:40 часот со лет PC651. Пристигнување на аеродромот Мохамед во Казабланка во 00:05. Пречек од партнеот од Марако и трансфер до хотелот. Ноќевање.
2 Ден 30.12.2023 КАЗАБЛАНКА - МЕКНЕС (240км) Појадок.Разглед на најголемиот град и финансиската престолнина на Мароко, Казабланка: Habous distrikt, Кралската палата, плоштадот Мохамед V, резидентската област на Anfa и џамијата Hasan II (факултативно – доплата за влез во џамијата). Патувањето продолжува кон Мекнес, зелениот град опколен со бедем долг 40 км. Вечера. Ноќевање.
3 Ден 31.12.2023 МЕКНЕС - ФЕС (52 км): По појадокот започнуваме најпрвин со разгледување низ Мекнес, наречено „Марокански Версај“, кој е основан на крајот на 17 век од Мулај Исмаил, современик на Луј XIV. Разглед на Мекнес: мавзолејот на султанот Mule Ismail, портата на Bab Mansour и плоштадот, кралската ергела и еврејскиот кварт. Дополнително разгледување го вклучува и Баб Ел Мансур, која се смета за

најубавата порта во Мароко. Можност за ручек во локален ресторан. Потоа продолжуваме со посета на римските урнатини на Волубилис на неколку километри од Мекнес. Продолжуваме до Фес. Сместување во хотел. Вклучена новогодишна вечера. Ноќевање.
4 Ден 01.01.2024 ФЕС - РАБАТ (208 км) После појадокот со спакуван багаж, се упатуваме кон откривање на ФЕС, некогашната најголема религиозна престолнина на Мароко. Фес го има најголемиот средновековен стар град - Медина во Африка, веројатно и во светот, каде што се наоѓаат Attarina I Bou Anania Medresa – верските училишта, познатата фонтана Nejjarina, мавзолејот Moulay Idriss, џамијата Keruan, како

и многубројните интересни и шарени занаетчиски работилници на керамика, килими, предмети од сребро и бакар...како и работилници за бојадисување на кожа. По завршување на разгледот се упатуваме кон Рабат. Пристигнување во хотел вечера и ноќевање.
5 Ден 02.01.2024 РАБАТ По појадокот, разглед на градот: Медината (стариот град), зградата на парламентот, Кралската палата-Mechouar, поштата, Хасан кула и Мавзолејот на Мухамед V… Слободно време. Вечера во хотелот. Ноќевање.
6 Ден 03.01.2024 РАБАТ – МАРАКЕШ (320 км): После појадокот со спакуван багаж заминуваме кон Маракеш, со попатни задржувања за одмор. По впечатоците од посетителите, Маракеш е еден од најинтересните градови во Мароко како и втор по големина кралски град. По пристигнувањето и сместувањето во хотел, слободно време за прошетка. Вечера. Ноќевање.
7 Ден 04.01.2024 МАРАКЕШ Појадок. Разглед на историскиот центар на Маракеш, втор најстар кралски град, познат како бисер на југот. Планираниот разглед на градот го вклучува следното: познатите градини Majorela, каде што живеел и создавал Ив Сен Лорен, палатата Bahija, џамијата Kutubia, посета на Медината и познатиот плоштад Djema El Fna, пазарот и занаетчискиот кварт... Факултативен ручек во некој од рестораните. Слободно време. Вечера. Ноќевање
8 Ден 05.01.2024 МАРАКЕШ - КАЗАБЛАНКА (240 км) После појадокот, трансфер во Казабланка. Слободно време, пауза за ручек во ресторан на крајбрежјето на Казабланка. Слободно попладне, препорачуваме шопинг во Marocco Mall. Tрансфер до аеродромот во Казабланка за повратен лет.
9 Ден 06.01.2020 КАЗАБЛАНКА – ИСТАНБУЛ - СКОПЈЕ: Лет кон Истанбул PC652 во 01:10. Пристигнување во Истанбул во 07:55. Лет за Скопје со лет PC 351 во 09:25, пристигнување во Скопје во 08:55 ч.

 

 

Хотел 4*

Период на патување

29.12.2023 – 06.01.2024

Период на престој

30.12.2023 – 05.01.2024

Услуги

6НВ + 1ВВ

Ноќевања / Денови

7 ноќи / 9 дена

Цена по лице во двокреветна соба за резервации до 05.11.2023

1.395€ / 86.490 мкд

Цена по лице во двокреветна соба

1.495€ / 92.690 мкд

Попуст за трето возрасно лице

-50 € / -3100 мкд

Доплата за еднокреветна соба

255 € / 15.810 мкд

 

Цената ги вклучува следниве услуги:
-авионски превоз Скопје – Казабланка – Скопје со вклучени аеродромски такси

- 7 ноќевања во хотели со 4* (6 полупансиони + 1 ноќевање со појадок)

- Вклучени разгледи и влезници според програмата

- Организиран трансфер аеродром – хотел – аеродром

- Вклучена задолжителна Новогодишна вечера

- Техничко водство / Пратител на групата, доколку групата е над 15 патници

- Лиценциран локален водич на англиски јазик

 

Цената не вклучува:

-Влезна виза за Мароко (се вади во Софија, за повеќе информации и цена ве молиме обратете се во агенција);

- Дополнителни оброци и пијалоци кои не се наведени во програмата

- Задолжително патничко осигурување

- Факултативни излети (Влезница за џамијата Hasan II во Казабланка – 13 еур)

- Бакшиши за локалните возачи и водичи 45 еур

 

Забелешки:

Минимален број на патници на база на кој е калкулирана цената на аранжманот, изнесува 15.

• За резервации потребен е аванс од минимум 30% од вкупнот износ на аранжманот.

• Целосна уплата, најдоцна дваесет (20) дена пред започнување на аранжманот.

• Програмата и редоследот на разгледи и посети може да претрпи промени во зависност од состојба на терен и други објективни причини.

• Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на цената на превозот (авионските билети, аеродромски такси), да ја промени и цената на аранжманот.

• Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот или да ја корегира цената на аранжманот како и цените на факултативните излети.

• Организаторот го задржува правото за отказ на аранжманот 7 дена пред патувањето