ЕДНОДНЕВНО ПАТУВАЊЕ

 МАНАСТИРИ СВ. ЈОВАН БИГОРСКИ и РАЈЧИЦА
 (недела, 13.11.2022)

Состанок на групата во 06.45 часот на договореното место. Заминување во 07:00 часот од Струмица кон Манастирот „Св. Ѓорѓи Победоносец“ во с.Рајчица – Дебарско.  Слободно време (околу 1 час) за разглед на манастирската црква изградена во 1835 година, а денес во неа се чува честица од Крстот на кој бил распнат Спасителот, Господ Исус Христос, како и дел од раката на свети Георгиj донесена во манастирот во ноември 2003 година од Света Гора.
По разгледот, патувањето го продолжуваме кон Манастирскиот комплекс Св. Јован Бигорски. Манастирот се наоѓа на надморска височина од 740 метри. Положен е во впечатливите варовни карпи на кањонската долина на реката Радика, во прегратките на бујните шуми всадени на северозападните падини на планината Бистра. Слободно време за разглед на Манастирскиот комплекс од 2 часа. Овде ќе имаме можност да ручаме во автентичниот ресторан Куќата на Мијаците каде се служат традиционални мијачки јадења а самиот ресторан е еден вид спомен куќа на славното мијачко минато. После ручекот се враќаме назад кон Струмица. Предвидено време на пристигнување е околу 19:00 часот.

                                                                                                               
***
Она што е специфично за „Свети Ѓорѓи Победоносец“ е изработката на архиерејските митри. „Тоа се наши круни“ - велат во манастирот за митрите што ги носат епископи и патријарси во православните цркви. Тие се познати во целиот православен свет, бидејќи нашите круни ги носат владиците во Америка, Русија, Африка, Германија, Полска, Чешка, Бугарија, Србија, но најмногу во Грчката православна црква. Она по што се разликуваат нашите митри е раскошниот византиски стил на изработката, што во континуитет се негува во Грчката православна црква.


***

Најубавиот украс во манастирот Св. Јован Бигорски и она по што е најпознат овој храм, е секако прекрасниот и единствен од ваков вид во Православието – иконостас, врвно дело на мијачките копаничари, кои, по својата вештина на обработка на дрвото, останале ненадминати и до ден денес. Тоа се прочуените Петре Филиповски – Гарката  од с. Гари, со својата тајфа и Макариј Фрчковски од Галичник. Тие ова монументално дело го завршиле за зачудувачки кратко време, од 1830 до 1835-та год. 

 

Цена по лице: 1.500 мкд


Цената ги вклучува следниве услуги:
Превоз со автобус на дадената релација
Лиценциран туристички водич

Цената не ги вклучува следниве услуги:
Индивидуални трошоци
Ручек во ресторан Куќата на Мијаците

Напомена: калкулацијата е правена на минимум 35 патници.