ДОЧЕК НА НОВА 2024 ГОДИНА
КУБА
Лет од Софија
11 ноќи, 14 дена



4 ноќи со појадок во Хавана + 2 ноќи на полупансион во Тринидад + 5 ноќи “all inclisive” во Кајо Санта Мариа
Вклучени разгледи:
-туристички разглед на Хавана со едночасовно возење со ретро автомобили (вклучен ручек)
-посета на долината Вињалес (вклучен ручек)
-посета на фабрика за пури во Пинар Дел Рио
-посета на најчистиот град на Куба – Сиенфуегос
-посета на Тринидад
-посета на езерото Ел Венадо на планината Ескамбреј (вклучен ручек)
-посета на Санта Клара – градот на Че Гевара

 

2.420 € по лице во двокреветна соба
дете од 2-12 год плаќа 2.030 € во соба со 2 возрасни
еднокреветна соба 2.530 еур

Цените се во евра а плаќањето се врши во денари по курс 1 еур = 62 мкд

Цената ги вклучува следните услуги:
- авио билет на релација Софија-Франкфурт-Хавана-франкфурт-Софија со вклучени аеродромски такси и чекиран багаж од 20кг + рачен багаж со димензии 5х40х20 см.
- трансфери од аеродром-хотел-аеродром
-
4 ноќи со појадок во хотел Valentin Quinta Avenida 4* или сличен во Хавана
- 2 ноќи со појадок и вечера во хотел
Las Cuevas 3*  или сличен во Тринидад
-
5 ноќи “all inclisive” во хотел Melia Las Dunas 5* или сличен во Кајо Санта Мариа
- копнен транспорт со туристички автобус према програмата
- туристички разглед на Хавана – стар и нов дел на градот со вклучен ручек
- едночасовно возење со американски ретро автомобили
- посета на долината Вињалес (вклучен ручек)

-посета на фабрика за пури во Пинар Дел Рио
- туристичка програма во Сиенфуегос
- туристичка програма во Тринидад
- туристичка програма до езерото Ел Венадо на планината Ескамбреј (вклучен ручек)
- туристичка посета на Санта Клара – градот на Че Гевара
- придружник на патувањето и локален водич
- обиколки и екскурзии опишани во програмата
Цената не ги вклучува следните услуги:
- виза за Куба (информации во агенцијата)
- дополнителни екскурзии кои се доплаќаат при самата резервација во агенција: Тропикана кабаре шоу со трансфер и напитка за време на шоуто 95 еур: Екскурзија “По стапките на Хемингвеј
55 еур; Целодневна прошетка со катамаран Кајо Санта Марија на “all inclusive” со вклучен трансфер, ручек со морски плодови, набљудување на делфини, снорклинг (+ опрема) 100 еур
- касно одјавување од хотел последниот ден (при возможност) 35 еур до 15:00 ч.
- бакшиш за локалниот водич и возачот – околу 5 усд на ден (се плаќаат на лице место)
- државна такса која се плаќа при напуштање на Куба – 25 усд
- трошоци од личен карактер
- патничко и зддравствено осигурување (информации во агенцијата)

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ

1 ДЕН 27.12.2023    Состанок на аеродромот во Софија. Лет на релација Софија-Франкфурт со бугарска авиокомпанија во 13:35 ч. локално време

2 ДЕН 28.12.2023  Пристигнување на аеродром во Хавана во 19:10 ч локално време. Средба со претставникот од партнер-агенцијата. Трансфер до хотел, сместување и ноќевање.

3 ДЕН 29.12.2023  Хавана – разглед на стар и нов дел на градот: започнува нашата егзотична тура по крајбрежниот булевар со ретро американски автомобили во цела палета на бои (по 3 лица во еден автомобил), ќе поминеме покрај Старата Претседателска палата, Импресивниот градски парк, Националниот Капитол – симбол на слободната држава каде парламентот заседаваше до 1959 година и кој импресионира со својата 95 метарска купола, Плоштадот на Револуцијата со големиот споменик на Хозе Марти – место на легендарните говори на Фидел Кастро, Универзитетот во Хавана, симболичниот булевар Малекон – омиленото место за прошетки поради воодушевувачките глетки кон океанот, дипломатскиот и уметничкиот кварт Мирамар каде се лоцирани најскапите хотели, ресторани и странски амбасади. Следува пешачка обиколка на стариот дел на Хавана основан 1515 година и прогласен за светско наследство на УНЕСКО во 1982 година. Ќе ги видиме неговите 4 плоштади – Сан Франциско де Асизи, Стариод плоштад или срцето на Хавана, Плоштадот на Оружјето опкружен со прекрасни барокни палати од времето на шпанската Куба каде што на една од кулите ќе ја видиме интересната статуа на жена по име Ла Гиралдиа нам добро позната од етикетата на Рома Хавана Клуб, потоа следува барокната Катедрала сан Кристобал, двете познати знаменитости
La Bodeguita del Medio – родното место на коктелот “mohito” со своето автентично кубанско мохито – место на кое може да се видат фотоградии, графити, потписи на познати лица и следува вториот познат локал “El Floridita Bar” – омиленото место на Хемингвеј и познато по најубавиот daiquiri” коктел. Овие два локала се неизбежна станица при секоја туристичка маршрута во Хавана. Пауза за ручек во локален ресторан. Враќање во хотел. Ноќевање

4 ДЕН 30.12.2023   Пинар Дел Рио и Долина Вињалес,  По појадокот заминуваме на еднодневна екскурзија до најзападната провинција на Куба – Пинар Дел Рио или Градините на Куба. Ова е местото каде се раѓа најквалитетниот тутун во светот и се прават најквалитетните кубански пури но и ликерот гуајаба. Попатно застанување во селото Лос Баригонес каде ќе имаме можност да видиме како живеат локалните селани. Посета на фабрика за пури и ручек во локален ресторан. На враќање кон Хавана, ќе застанеме на местото Mirador de Los Jazmines познато по величествените глетки кон долината Вињалес позната по своите варовнички пештери, подземни извори и карпести индијански слики. Ова е местото на кое ке се насладуваме на пејсажи со познатите кубански палмови дрва – заштитниот знак на Куба. Враќање во Хавана. Ноќевање.

5 ДЕН 31.12.2023 Хавана – Сиенфуегос – Тринидад По појадокот заминуваме кон Сиенфуегос – најчистиот град на Куба кој ја зачувал архитектурата од француските доселеници од Луизијана. Време за истражување на историскиот колонијален центар: оригиналната зграда на театарот Томас Тери – познат кубански трговец, Триумфалната Порта посветена на независноста на државата, прошетка по главниот булевар Ел Прадо каде стои бронзената статуа на легендата на кубанската музика Бени Мур. Заминување кон Тринидад – најзачуваниот колонијален град на Куба познат по прекарот – Магија на Карибското синило. Се наоѓа на јужниот дел на островот на брегот на Пуерто Де Касилда. Прошетка низ историскиот дел на градот: Плаза Мајор, Катедралата Св. Тројца, Дворецот Брунет, Музејот на Романсата, барот Канчанчара сместен во замок од 1723 година и познат по оригиналниот пијалок од лимон, мед и рум послужен во керамичка чаша – вистински празник за вашите сетила. Сместување во хотелот. Вечера. Ноќевање.

6 ДЕН 01.01.2024 
Езерото Ел Венадо - планината Ескамбреј По појадокот се упатуваме во уште една авантура, ќе навлеземе во тропските шуми на Ескамбре со уникатните руски камиони ЗИЛ 131 пренаменети за  туристички патувања. Прошетка низ шумите (3 км), посета на слатководното езеро Ел Венадо со можност за капење. Ручек во природа. Попладне враќање во Тринидад. Слободно време. Вечера. Ноќевање.

7 ДЕН 02.01.2024 Тринидад – Санта Клара – остров Кајо Санта Марија (превод: Кралските градини) Појадок. Заминување према островот познат по белите плажи и луксузните одморалишта Кајо Санта Марија. Попатно застанување во Санта Клара и пауза за фотографирање пред мавзолејот на Че Гевара. Санта Клара градот го поврзуваме со ликот на Че Гевара и иторијата на Кубанската Револуција и е местото на последната одлучувачка битка помеѓу бунтовниците и режимот на Батиста. Под монументалниот споменик на херојот е врежано неговото проштално писмо до Фидел Кастро. Пристигнување на островот попладне, пријавување во хотелот, вечера и ноќевање.

8 ДЕН 03.01.2024 Слободен ден за плажа, релаксирање на “
all inclusive”

9 ДЕН 04.01.2024
Слободен ден за плажа и релаксирање на  all inclusive” или по желба целодневна екскурзија со катамаран со ручек и напитки (100 еур за возрасни и деца) Враќање во хотел. Ноќевање.

10 ДЕН 05.01.2024  Слободен ден за плажа, релаксирање на “
all inclusive”

11 ДЕН 06.01.2024
Слободен ден за плажа, релаксирање на “all inclusive”

12 ДЕН 07.01.2024 Појадок. Трансфер до Хавана. Сместување во хотел . Ноќевање.

13 ДЕН 08.01.2024 По појадокот имаме слободно време за индивидуален разглед на Хавана или предлог факултатива “По стапките на Хемингвеј
– многу интересна тура во која ќе се посети куќата на писателот во San Francisco de Paula. Таму живеел повеќе од 20 години и напишал 4 дела, му била омиленото место на живеење.  Сега е музеј во кој се чуваат оригинални дела на Пикасо, личниот рибарски брод на Хемингвеј Ел Пилар како и неговиот личен кабриолет Крајслер. Ке се посети и рибарското село Кохимар каде седејки на терасата на барот Тераса го пишувал легендарниот роман Старецот и Морето” пиејќи го своето омилено даикири. (55 еур за возрасни и за деца) Трансфер од хотел до аеродром. Лет за Франкфурт во 18:45 локално време. Слетување во Софија на терминал 2 во во 17:20 ч.локално време (со меѓуслетување во Франкфурт)

Важни напомени и забелешки:
Услови за резервација: при резервација се плаќа 50% од вкупната сума на аранжманот, доплата 21 ден пред поаѓање. Документи за патување се издаваат 7 дена пред патување.
Услови и пенали при отказ: Доколку патникот го откаже аранжманот до 30 дена пред полетување, плаќа пенал од 50%. Доколку патникот го откаже аранжманот од 30 – 01 ден пред полетување пеналот за отказ е 100%
ВАЖНО: Потребен број на патници за реализација на аранжманот е 25 лица Туроператорот го задржува правото да направи промена на програмата Авиокомпанијата го задржува правото да направи промена во времињата на полетување и слетување. Патникот е должен да има 2 празни страни во пасошот за соосдветните печати и виза за Куба.