НОВОГОДИШЕН ДОЧЕК ВО КАПАДОКИЈА
(со директен лет од Софија и вклучена Новогодишна свечена вечера)

                                                                                         29.12 – 01.01.2024

Прв ден 29.12.2023          Состанок на аеродром во Софија. Директен лет на релација Софија – Невшехир во 15:30 ч. Слетување на аеродромот во Невшехир во 17:15 локално време. Трансфер до одбраниот хотел. Во 18:30  средба со претставник од тур операторот. Ноќевање.

Втор ден 30.12.2023
         Факултативна тура пред изгрејсонце - лет со балон (со дополнителна доплата) Опис на турата: трансфер од хотел до платото од каде полетуваат балоните. Ќе присуствувате на интересни моменти кога пилотите ги надувуваат балоните, Лесна закуска со кафе и чај, распоредување во корпите и полетување. По завршувањето на летот, секој патник добива персонализиран сертификат и чаша шампањ. Трансфер до хотелот. Појадок од 07:00 – 09:00 часот во хотелот. Денот можете да го организирате сами со индивидуални активности и разгледи или да се приклучите на нашата целодневна прошетка Ортахисар – Ѓореме – Чавушин – Пашабаг – Долината на љубовта – Долината на имагинацијата (со претходно запишување и доплата). Турата започнува со панорама над Ортахисар основана од едни од првите христијани населени овде во 4-ти век. Ќе слушнете интересни и неверојатни историски приказни и ќе видите чудни конусни карпи. Овде се прават најубавите фотографии бидејќи ќе го видите целиот Дворец Ортахисар. Следува Ѓореме – музејот на отворено вклучен во листата на УНЕСКО. На ова место се најзачуваните фрески кои датираат од 7-ми век. Денес има околу 30 цркви отворени за посета а според локалните легенди имало 365 – по една за секој ден во годината. Ќе ги видите фреските на многу светци како и ликовите на Богородица и Исус. Продолжуваме кон Чавушин – најстарата тврдина на Хетитите разрушена од забот на времето. Ќе ја слушнете историјата за нејзиното откривање во 18-ти век од страна на еден француски истражувач. Повторно – време за убави фотографии. БОНУС вклучено во цена – посета на Аванос, едно интересно градче распослано на двата брега на
Црвената Река – најдолгата река што тече целосно во Турција. Овде,  производството на керамички предмети е активно и денес, ќе видите демонстрација од професионалец а ќе можете и сами да пробате да оформите парче глина со свои раце. Посета на богато опремена продавница за керамика и можност да си купите спомен од Кападокија. Ручек (вклучен во цена, без напитки) во ресторан на богата шведска маса. Турата продолжува кон Пашабаг што во превод значи Лозјето на Пашата – уште еден музеј на отворено кој освен раскошните самовилски оџаци ги прикажува и традициите на луѓето од различни епохи како одгледуваат винови лози. Следува Долината на Љубовта со карактеристични карпести формации и место каде локалците ќе ви кажат дека во рок од една година од вашата посета на ова место, ќе го сретнете својот животен сопатник. Уште една долина е вклучена во оваа тура а тоа е Долината на Имагинацијата – ние ќе ви ги покажеме најпознатите формации од карпи а Вие ќе ни ги покажете вашите, според вашата фантазија. Трансфер до хотелот . По вечерата во хотелот  предлагаме традиционална кападокиска вечер (факултативно со доплата) со вклучен трансфер од хотелот до ресторанот и неограничени алкохолни и безалкохолни напитки, јатки и овошје. Претставата трае околу 2,5 часа (без вечера), трансфер назад до хотелот. Ноќевање.

Трет ден 31.12.2023
 Факултативна тура пред изгрејсонце - лет со балон доколку турата се пропушти претходниот ден (со дополнителна доплата) Целодневна прошетка – Подземните градови (Кајмакли или сличен) – Долина на гулабите – Учхисар – Црвената Долина. Турата започнува во 09:00 со посета на еден од подземните градови. Сите градови се меѓусебно поврзани со ходници, вдлабени се во карпите уште од 6-ти век п.н.е. и имаат по 18-20 ката под земја и служеле за прибежиште од напади. Располагаат со трпезарии, кујни, визби, училишта и други помошни простории. Имаат природна вентилација се до последниот кат под земјата, биле населени со по илјадници луѓе истовремено, со сите неопходни услови за живот на луѓе и домашни животни. Напомена: турата не е погодна за патници кои имаат клаустрофобија или други дијагнози поврзани со тесен простор,  фобија од недостаток на воздух и сл. Турата продолжува кон Долината на гулабите со неверојатна глетка кон нивните живеалишта. Ќе слушнете зошто на овие птици им се придавало огромно внимание и зошто нивниот дом е сеуште на овие површини низ Кападокија. Ручек (вклучен во цената, без напитките) на шведка маса. Продолжуваме кон Црвената Долина – прекрасно место каде ќе имате можност да видите различни бои на карпите, прекрасни глетки и да се насладите на традиционално турко кафе, чај или свежо цеден сок од калинка. Следува Учхисар – група на карпести куќи со највисоката точка – Дворецот како и најскапите хотели во областа. Ние ќе ви раскажуваме а вие ќе ги правите вашите фотографии. Во 19:00 часот Новогодишна Гала Вечера во ресторанот на хотелот Floria 4* со богато  празнично мени, музика во живо, ориентални танци, локални алкохолни и безалкохолни пијалоци, после 01:00 часот на расположение на гостите ке има диџеј  во ноќниот бар на хотелот. Ноќевање.


Четврти ден  01.01.2024
Појадок. Избор на факултативни излети кои ќе бидат понудени од водичите: едночасовно возење АТВ во срцето на мистичниот свет (35 еур), Џип Холидеј тура со двочасовно возење среде шармот на карпестите форми со застанување за фотографирање. Трансфер до аеродромот во Невшехир. Лет за Софија во 18:05, слетување во 20:05 по локално време  

 

Име на хотел

По лице / Стандардна соба

Трето лице во стандардна соба

Еднокреветна соба

Floria 4* - во Урѓуп / полупансион

605 €

605 €

760 €

Nova Cave 4* - во Ортахисар / со појадок

610 €

610 €

765 €

Flavia Cappadocia 4* - во Учхисар / со појадок

610 €

610 €

765 €

Цените се во евра а плаќање се врши во денари по курс 1 еур – 62 денари

Цените ги вклучуваат следниве услуги:
-авио билет на релација Софија-Невшехир-Софија со чартер компанија, со вклучени аеродромски такси и багаж од 20кг плус рачен багаж/ до 5кг.
-3 ноќи во избран хотел на база појадок или полупансион
-Празнична Новогодишна Вечера на 31.12.23 со богато  празнично мени, музика во живо, ориентални танци, локални алкохолни и безалкохолни пијалоци
-трансфери на релација аеродром-хотел-аеродром
-претставник од тур-операторот

Цените не ги вклучуваат следниве услуги:
-факултативни екскурзии: лет со балон 250 еур за возрасни и деца (подлежи на потврда пред полетот), традиционална кападокиска вечер со неограничена консумација на алкохолни и безалкохолни пијалоци 40 еур за возрасен, 30 еур за деца до 12 год, пакет дводневна тура со вклучен ручек 155 еур за возрасен, 100 еур за дете до 12 год.
Напомена: во цените на факултативите не се вклучени влезниците во музеите од причина што се променливи и ќе се плаќаат на лице место: подземен град околу 300 лири, црквите во Ѓореме околу 480 турски лири, Учхисар околу 40 турски лири, Пашабаг околу 280 турски лири (моментален курс 1 еур = 30 лири)
-бакшиш за возачите и локалните водичи 15 еур
-
такса за гориво (се објавува 15 дена пред полетување).

Услови за резервација: при резервација се плаќа 50% од вкупната сума на аранжманот, доплата 21 ден пред поаѓање. Документи за патување се издаваат 7 дена пред патување.
Услови и пенали при отказ: Доколку патникот го откаже аранжманот до 30 дена пред полетување, плаќа пенал од 50%. Доколку патникот го откаже аранжманот од 30 – 01 ден пред полетување пеналот за отказ е 100%
ВАЖНО: Потребен број на патници за реализација на аранжманот е 150 лица Туроператорот го задржува правото да направи промена на програмата Авиокомпанијата го задржува правото да направи промена во времињата на полетување и слетување.