БАЛТИЧКА БОЖИЌНА ПРИКАЗНА

 ТАЛИН - РИГА

 (27.11.2025-01.12.2025)

 

Испланирајте оваа година посебно божиќно патување во преубави сликовити градови во кои за прв пат ќе имате можност вистински да уживате! Естонскиот Божиќ е прекрасно време кога се испреплетуваат старите и новите обичаи и се создава единствено и шарено празнично расположение... Божиќ во Латвија е целосно посветен на саканите луѓе обединувајќи ги семејството и пријателите, создавајќи атмосфера полна со љубов и топлина во текот на зимската сезона... Дојдете со нас на ова возбудливо патување!

Прв ден: 27.11.2025 (четврток) - Скопје-Франкфурт-Талин  Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 14.30 часот. Полетување кон Франкфурт во 16.35 часот, слетување во 19:00 часот по локално време. Летот за Талин е во 20.30 часот, пристигнување во Талин во 23:50 по локално време. Организиран трансфер со автобус до хотелот „Metropol“ 3* лоциран во непосредна близина на стариот дел од градот (https://www.metropol.ee/hotel/ ). Сместување на групата. Ноќевање.

Втор ден: 28.11.2025 (петок)-Талин Појадок. Заминуваме на организиран пешачки разглед на најдобро сочуваниот средновековен град во Европа. Главниот град на Естонија ќе ни овозможи незаборавно патување низ вековите бидејќи е своеводен Музеј на отворено... Во стариот град кој е под заштита на Унеско се наоѓа најпознатата готска градба - 600 годинишната зграда на Градското Собрание која е најстарата зграда во цела Скандинавија. Исто толку години е стара и аптеката која од 1422 година без прекин работи на истото место; денес тука можете да купите современи лекови но и средновековни мелеми. На само неколку минути од главниот плоштад се наоѓа Црквата „Sveti Olaf“ посветена на норвешкиот крал Olaf Втори, највисоката средновековна градба од 12. век чија кула е висока повеќе од 123 метри и за време на Советската Влада се користела за набљудување. Разгледот на една од најубавите светски дестинации ќе го реализираме со лиценциран туристички водич, а потоа имаме слободно време за индивидуални прошетки низ центарот на градот каде токму пред Градското Собрание е лоциран божиќниот пазар кој има примеси на бајка. Ѕвездата на овој зимски настан е новогодишната елка која има традиција уште од 1441 година, кога за прв пат е поставена на овие простори... Всушност тоа е и првата новогодишна елка дотогаш изложена во Европа. Ни претстои неверојатна вечер под отворено небо со новогодишните светилки. Локалните трговци ќе понудат специјалитети од естонската божиќна кујна, од најнеобични десерти и храна до топли божиќни пијалоци. Ноќевање.

Трети ден: 29.11.2025 (сабота)-Талин-Рига  Појадок. Организиран трансфер со автобус кон Латвија и градот Рига. Пристигнување во попладневните часови. Сместување на групата во хотелот „Eurostars Metropole“ 4* кој се наоѓа во срцето на стариот град (https://www.eurostarshotels.co.uk/availability.html?id_hotel=SYN3277&start=2025-12-29&end=2026-01-01&guests[0][adults]=2&city_id=56053#monoHotelAvail/EUR ). Одмор од патувањето и слободно време за индивидуални прошетки. Ова е неверојатна можност да ги доживееме божиќните убавини на Рига, градот кој го има еден од најубавите божиќни пазари во Европа. Дали знаете дека жителите на Рига тврдат дека тие ја измислиле божиќната елка? Приказната вели дека една ноќ, некои развеселени трговци враќајќи се дома донеле бор и го украсиле со цвеќиња пред да го запалат кон крајот од ноќта. Така се родила декоративната божиќна елка. Треба да сме подготвени за многу позитивна енергија на едно место. На таа атмосфера не можете да ѝ одолеете туку едноставно морате да им се придружите. Ноќевање.

Четврти ден: 30.11.2025 (недела)-Рига Појадок. Организиран пешачки разглед на градот кој го започнуваме со прошетка низ камените улици на оваа престолнина која е под заштита на Унеско. Тука се црквите „Свети Петар“ и „Свети Јаков“, Катедралата со највредните оргуљи на светот, Градските ѕидови кои ќе нé вратат во стариот век, Шведската врата која е единствен сочуван влез во Стариот град, Парламентот, Куќата на црните глави- една од најубавите во цела Латвија, Споменикот на Слободата... По организираниот разглед, слободно попладне за индивидуални активности и уживање во божиќната магија... Аромите на цимет, ѓумбир и печени бадеми ќе го исполнуваат воздухот, а вареното вино ќе биде најзастапениот пијалок. Доколку барате уникатен подарок за Божиќ, локалните латвиски занаетчии ќе понудат традиционални подароци. Ноќевање. 

Петти ден: 01.12.2025 (понеделник)-Рига-Скопје Појадок. Одјавување од хотелот и организиран трансфер до аеродромот во Рига. Полетување кон Франкфурт во 14.40 часот, слетување во 16:05. Летот за Скопје е во 20.30 часот, пристигнување во Скопје е во 22.40.

 

Промотивна цена за уплата до 19.09.2025........ 699 евра (43.340 денари)
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ.........759 евра (47.060 денари)

(плаќање во денарска противвредност)

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

  • Авионски билет Скопје- Франкфурт-Талин со вклучени аеродромски такси
  • Авионски билет Рига-Франкфурт-Скопје со вклучени аеродромски такси
  • Рачен багаж до 8 кг. и чекиран багаж до 23 кг. по лице
  • Сите трансфери вклучени во програмата
  • 2 ноќевања со појадок во хотел 4 * во Талин
  • 2 ноќевања со појадок во хотел 3 * во Рига
  • Лиценциран туристички водич
  • Лиценциран туристички придружник

Во цената не се вклучени следните услуги:

  • Доплата за еднокреветна соба – 140 евра
  • Туристичка такса- 8 евра за сите ноќевања (се плаќа во агенцијата)
  • Патничко осигурување

Напомена: За потврда на рецервација е неопходна задолжителна уплата од 300 евра (18.600 денари) најдоцна до 19.септември. Целосна доплата на аранжманот до 27.10.2025

Напомена: За реализација на аранжманот потребни се минимум 30 патници