Барселона претставува скапоцен камен на Медитеранот, жив град, полн со приказни за раскажување и уникатни искуства за уживање, ккосмополитска и културна дестинација која ги задржува своите традиционални корени. Барселона ги привлекува посетителите кон своите познати знаменитости, како што се Саграда Фамилија, Парк Гуел, Куќата на Батло и Ла Педрера. Прошетка покрај морскиот брег, вечерни часови на тераса на покривот со поглед на хоризонтот на градот, пространи паркови како што се Parc de Montjüic или Ciutadella, пристаништето, олимпиското село и низа други опции се само дел од новите искуства кои може да ги доживеете при секоја посета. За обожавателите на сонцето, Барселона е токму она што го барате! Нејзиното крајбрежје се протега на 4,5 километри и им нуди на туристите широк спектар на одлични плажи. Со поглед на Средоземното Море и позната по Гауди и другата Арт Нову архитектура, Барселона е еден од најмодерните градови во Европа.
 
 За љубителите на гастрономијата, декември во Барселона нуди совршен повод да се запознаете со локалните вкусови – од традиционални каталонски јадења и тапаси, до празнични специјалитети како „turrón“ и „roscón de reyes“, кои се дел од локалната култура и прослава.
 Прв ден 11 Декември 2025 Полетување за Барселона 17:20 часот. Пристигнување во Барселона во 20:10 часот. Трансфер аеродром - хотел – аеродром. Сместување во хотел. Слободна вечер. (препорачуваме вечерно дружење со прошетка до некој од Christmas market-и и уживање во пијачка со топло вино на базарот, за вистинска празнична атмосфера.) Ноќевање
 Втор ден 12 Декември 2025 Појадок. Панорамска прошетка низ Барселона (околу 4 часа) со локален водич, која вклучува: Саграда Фамилија, Катедралата на Барселона, Плоштад Каталуња, Плоштадот Ла Рамбла, 
 Монжуик (Montjuïc) со панорамски погледи
 - По панорамската прошетка, факултативна посета на Аквариум Барселона – еден од најголемите аквариуми во Европа, особено интересен за семејства со деца.
 - По Аквариумот, препорачуваме слободна прошетка до еден од најпознатите барселонски Christmas market-и: Fira de Santa Llúcia, лоциран пред Катедралата во Готската четврт. Таму ќе уживате во празнична атмосфера, традиционални производи и украси.
 - По препорака на водичот, имате опција да пробате традиционални тапаси во некој од локалните барови или ресторани, со цел да ја почувствувате вистинската атмосфера и вкусови на Барселона и слободно време за индивидуални активности, прошетки и шопинг.
 - Опционално, вечерта може да ја заокружите со топло вино или пијачка на некој од пазарите, создавајќи вистинска празнична магија. Ноќевање.
  Трет ден 13 Декември 2025 Појадок. Слободно време за индивидуални активности или факултативни посети: - Камп Ноу – надворешна посета на најголемиот стадион во Европа и фан продавницата на ФК Барселона, - Шпанско Село (Poble Espanyol) – уникатен музеј на отворено, кој опфаќа 49.000 м² со автентична архитектура од различни региони на Шпанија, - Парк Гуел – едно од ремек-делата на Антони Гауди, познат по својата шарена мозаична керамика и фантастична архитектура.
 - Во слободното време, препорачуваме посета на Fira de Nadal del Port Vell, пазарче сместено покрај пристаништето, каде што ќе уживате во празнична атмосфера, шопинг и можност за релаксација покрај море.
 - По препорака на водичот, има опција за уште едно доживување на тапаси, во некој од препознатливите локални ресторани или барови, каде ќе може да пробате разновидни вкусови и специјалитети.
 - Слободна вечер за инвидуални активности. Ноќевање. 
 Четврти ден 14 Декември 2025 Појадок. Можност за факултативна посета: Музеј Дали + Герона
 - Парк Тибидабо – забавен парк и панорамска платформа со поглед кон целата Барселона.
 - Парк Циутадела – идеално место за релаксација и прошетки.
 - Плажата Ла Барселонета – едно од најпознатите места за одмор и уживање покрај море.
 - Опционална инвидуална посета пред трансферот, препорачуваме уште една кратка посета на некој од Christmas market-ите, идеална можност за купување подароци и збогување со празничната атмосфера на Барселона или слободно време до трансфер. Организиран трансфер до аеродром. Пристигнување на аеродромот, чекирање и подготовка за лет.  Полетување за Скопје во 20:55 часот. Пристигнување во Скопје во 23:40 часот.
| 539€ по лице | 
Во цената е вклучено:
 -Повратен авионски лет Скопје – Барселона - Скопје
 -Аеродромска такса
 -3 ноќевања со појадок во хотел Arya 3*
 -Трансфер од аеродром – хотел – аеродром
 -Водич за време на патувањето
 
 Во цената не е вклучено:
 -Туристичка такса- 5,50 еур по лице на ден
 -Факултативни излети
 -Патничко осигурување
 -Локален транспорт: метро или автобуски билети
 
 Напомена: За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници.. Типот на соба го одредува хотелот на лице место, во зависност од моменталната расположливост. Не е можно да се резервира одреден кат или страна. Пасошот мора да има важност најмалку 90 дена по напуштање на Шенген зоната.. Секој патник е должен да поседува важечко патничко осигурување. При резервација се уплатува аванс од 30% од вкупната сума. Плаќањата во денарска противвредност се пресметуваат по курс 1 ЕУР = 62 МКД. Агенцијата го задржува правото на измена на програмата, во согласност со околностите. Организаторот на патувањето го задржува правото да ги понуди и продаде слободните места по специјални “ultrafirst” или “last minute” понуди, по цени кои може да се разликуваат од веќе објавените. Патниците кои го уплатиле аранжманот според редовниот ценовник немаат право на поврат или надомест на средства по основ на разликата во цената.
 
ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ:
 Барселона Панорамика - 65€, деца до 12 години: 35 € - Целодневен излет – Обиколка на Барселона, прекрасниот град на Гауди. Тргнување во утринските часови со автобус од хотел од Барселона.
 Се искачуваме на ридот Монжуик, кој се наоѓа во самиот центар на градот, на 213 метри надморска височина, од каде се пружа восхитувачки поглед на градот и пристаништето. Според легендата, самиот Дон Кихот ги набљудувал битките од ова ритче.Поминуваме покрај Олимпискиот стадион, каде моментално игра фудбалскиот клуб Барселона, и правиме пауза во познатото шпанско село – Пуебло Еспањол. Таму, 117 градби од сите 17 шпански покраини ќе ви ја доловат архитектурата на оваа прекрасна земја – сè на едно место. Потоа ги разгледуваме магичните фонтани, шпанскиот плоштад – Плаза Еспања, централниот Плаза Каталуња, како и најскапата улица во градот – Пасео де Грасија, каде се наоѓаат двете познати куќи на Гауди: Каса Батљо и Каса Ла Педрера. И, секако, неизоставната базилика Саграда Фамилија – најпознатото дело на Антони Гауди, кое се гради веќе над 140 години. Ништо слично не постои во светот. Следи возење со автобус покрај Триумфалната капија и Паркот Сиутадела, по што ќе имате слободно време за индивидуални активности. Можете да го искористите за посета на Аквариумот, прошетка по Барселонета или по најпосетената улица Ла Рамбла, каде се наоѓа една од најубавите пазари во светот – Ла Бокерија. Во близина се и уличките на Готската четврт, кои кријат многу тајни и историски знаменитости од стариот град Барцино.Враќање на хотелот.
Најголемиот аквариум со медитеранска тематика во светот. Започнете со водено патување низ тропските океани, коралните гребени и морските заедници на Медитеранот. Со 35 аквариуми и 11.000 животни од 450 видови, овој акавриум е еден од најголемите во Европа и ви нуди незаборавно запознавање со морскиот свет.
Тргнување во утринските часови од хотел. Патувањето нè води кон бајковитата Гирона, град кој се наоѓа на североистокот на Шпанија, близу границата со Франција. Ќе прошетаме по улиците на стариот град и по некогашната еврејска четврт, ќе ја посетиме и импресивната катедрала, со право наречена „Бисерот на круната на Гирона“. По базиликата Свети Петар во Ватикан, оваа катедрала има најширока предна фасада во светот – широка дури 55 метри. Ќе го видите и познатиот мост во јарко црвена боја, претходник на Ајфеловата кула, кој заедно со уште десетина мостови го краси градот и ја премостува реката Оњар, која го дели градот на два дела. По разгледувањето, следува слободно време за индивидуални активности. Потоа го продолжуваме патувањето кон Фигерас, родниот град на славниот уметник Салвадор Дали, каде тој го создаде својот фантастичен и неповторлив музеј, адаптиран од старото градско театарче. Овој музеј денес е еден од најпосетуваните во цела Шпанија. Посетата на овој музеј е искуство кое треба да се доживее барем еднаш во животот, со необичната и уникатна поставка од делата на овој генијален уметник.
По посетата следува слободно време во Фигерас и потоа враќање во хотелво вечерните часови.