ТЕНЕРИФЕ – ПРОЛЕТ 2026
 Чартер летови од Софија
 Со директни чартер летови од Софија - лесно и удобно, без прекачувања, со одлични времиња на полети и можност за сместување во одбрани хотели со ГАРАНТИРАНИ места и цени.
 Тенерифе не е само еден од многуте острови – Тенерифе е чувство, вулканска земја, црн песок под боси стапала, арома на канарски рум и диви цветови, вкус на зрела папаја и кафе со цимет....Тука нема исти изгрејсонца и ниту една ноќ не наликува на претходната.
 Од бујно зеленило до пејзажи кои наликуваат на Марс во подножјето на вулканот Тејде. Од вечно зелени планински брда на север до јужни плажи, искапени во јужното сонце и спокојство.
Ви го претставуваме бисерот на северното крајбрежје на Тенерифе – ПУЕРТО ДЕ ЛА КРУЗ! 
Овој извонреден град го комбинира шармот на канарската традиција со елеганцијата на современиот комфор. Замислете си крајбрежна променада каде секој чекор е покана кон бескрајни хоризонти. Тука секоја прошетка носи ново откритие – од прекрасни ботанички градини, до возбудливи локални пазари и ресторани кои го нудат најдоброто од канарската кујна. Пуерто де ла Круз е порта кон незабравни авантури! Во срцето на Тенерифе величествено се издига највисокиот врв во Шпанија – вулканот Тејде, 3718 метри. Расположен е во истоимениот национален парк (објект на УНЕСКО), шпанскиот гигант е едно од најспектакуларните природни чуда во Европа. Пејзажите овде се како од друга планета! Вулкански полиња, камени катедрали создаваат чувство како да сте на Марс и ги оставаат без зборови дури и најискусните патници.
Санта Круз де Тенерифе – културно и економско срце на Тенерифе – град, кој импресионира со баланс меѓу модерната динамика и длбоките историски корени. Градот е втор по големина на Канарските острови, со силно пристанишно, културно и фестивалско значење. Тука се случува вториот по големина карнавал во светот  (по Рио де Женеиро). Градот е дом и на многу улични фестивали, а енергијата со која дише, го тера посетителот да ужива во секој момент.
 
Сан Кристобал де ла Лагуна е град со длабоки историски корени и првиот главен град на Тенерифе. Со архитектура инспирирана од градовите на Латинска Америка, Ла Лагуна е вистинско ремек дело, признато од УНЕСКО, каде секоја улица е час по оисторија, а секој објект – приказна од минатото.
 Ден 2 Слободен ден за плажа или по желба заминување на факултативна екскурзија (истите се пријавуваат и плаќаат при резервација) Ноќевање.
 Ден 3 Слободен ден за плажа или по желба заминување на факултативна екскурзија (истите се пријавуваат и плаќаат при резервација) Ноќевање 
 Ден 4 Слободен ден за плажа или по желба заминување на факултативна екскурзија (истите се пријавуваат и плаќаат при резервација) Ноќевање 
 Ден 5 Слободен ден за плажа или по желба заминување на факултативна екскурзија (истите се пријавуваат и плаќаат при резервација) Ноќевање.
 Ден 6 Слободен ден за плажа или по желба заминување на факултативна екскурзија (истите се пријавуваат и плаќаат при резервација) Ноќевање 
 Ден 7 Ослободување на собите. Трансфер до аеродром Тенерифе ЈУГ. Лет за Софија во објавеното време.
ХОТЕЛИ И ЦЕНИ:
 
Хотел Checkin Concordia Playa 4*  се наоѓа во Пуерто де ла Круз, на 5 минути пешачење од  площад Reyes Catolicos, од каде заминува бесплатно туристичко вовче до Лоро парк. На 100 м. од хотелот се наоѓа "Lago Martianez" - комплекс од базени, барови и ресторани. Најблиската плажа е "Playa de Martianez" - на 300 м од хотелот а најпознатата плажа во Пуерто де ла Круз - "Playa Jardin"  се наоѓа на 1,8 км од хотелот. Аеродромот Тенерифе Север е на 26 км, а главниот град на островот - Санта Круз е  на 35 км.
 Хотелот располага со 236 соби распоредени на 10 спрата со глетка кон Тејде и Атлантски  океан - 20 Basic Room, 192 Standard Room, 24 Premium Room. Секоја соба е опремена со клима уред, телевизор, телефон, сеф (со доплата, во стандардни соби), бања со када или туш,  балкон или тераса.
 Напомена: крпи покрај базен се наплаќаат.
 
 Хотел Checkin Concordia Playa 4* - Пуерто де ла Круз
| 03.04.2026 / 6 ноќи | 10.04.2026 / 6 ноќи | 17.04.2026 / 6 ноќи | 24.04.2026 / 6 ноќи | 
| 990€ по лице | 999€ по лице | 999€ по лице | 999€ по лице | 
| 1.020€ по лице | 1.020€ по лице | 1.020€ по лице | 1.020€ по лице | 
 ***
Хотел Catalonia Las Vegas 4* Adults Only (+16) се наоѓа во Пуерто де ла Крус, на 28 км од аеродром Тенерифе Север. Пред хотелот има станица за вовче кое бесплатно ги носи туристите до Loro Park. Само на 100 м. од хотелот се наоѓа "Lago Martianez" - комплекс од базени, барови и ресторани. Најблиската  плажа е "Playa de Martianez" - на 400 м. од хотелот а најпознатата плажа во Пуерто де ла Крус - "Playa Jardin" се наоѓа на 1.6 км од хотелот. Централниот плоштад на ресортот - "Plaza del Charco" е само на 700 м. од хотелот. Главниот град на остров Тенерифе - Санта Крус е на 38 км. Реновиран е во 2016 г . Сите соби се опремени со клима уред, ТВ, телефон, сеф (со доплата), фен. Чадори, лежалки и пешкири се наплаќаат.
 
Хотел CATALONIA LAS VEGAS 4* Adults Only (+16) - Пуерто де ла Круз
| 03.04.2026 / 6 ноќи | 10.04.2026 / 6 ноќи | 17.04.2026 / 6 ноќи | 24.04.2026 / 6 ноќи | 
| 1.060€ по лице | 1.070€ по лице | 1.070€ по лице | 1.070€ по лице | 
| 1.130€ по лице | 1.140€ по лице | 1.140€ по лице | 1.140€ по лице | 
Цените ги вклучуваат следниве услуги:
Чартер лет Софија - Тенерифе – Софија со вклучени аеродромски такси и багаж до 15 кг. чекиран и до 10 кг. рачен
 Трансфер од аеродром до хотел и обратно
 6 ноќи во одбраниот хотел на база полупансион
 Локален претставник од партнр агенцијата на лице место
 Претставник за време на факултативните излети (на бугарски јазик)
Цените не ги вклучуваат следниве услуги:
 Патничко и здравствено осигурување
 Факултативни излети, влезници каде што е потребно
 Туристичка такса
 Такса за гориво која ќе биде објавена 15 дена пред лет (доколку има потреба)
 
 Информации за летовите:
 Софија-Тенерифе Југ 03:15 – 07:20
 Тенерифе Југ – Софија 19:00 – 02:15
 Времињата на полетување и слетување се локални. Летот трае околу 5 часа. Авиокомпанија Smartwings
 
 НАПОМЕНИ:
 Резервација се прави со 50% депозит, доплата се врши 40 дена пред лет. Доколку не се запази условот за доплата, туроператорот има право да го прекине договорот и да постапи према правилата за отказ. 
 Откажување:  до 30 дена пред поаѓање – 100 еур пенал по лице / до 21 ден пред поаѓање – пеналот е 50% од вредноста / под 21 ден пред поаѓање – пеналот е 100%
 Цените се дадени во евра а плаќањето е во денари по курс 1 еур = 62 денари
ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ:
 1. Полудневна екскурзија до Национален парк Тејде. 
 Расположен на остров Тенерифе, националниот парк Тејде го вклучува вулканот Тејде, кој со своите 3718 м е најввисокиот врв не само на Канарските острови, но и во цела Шпанија. Издигајки се на 7500 м надморска висина, се смета за трета по височина вулканска структура во светот. Паркот е со површина од 18 990 хектари. Се наоѓа на листата на УНЕСКО од 28 јуни 2007 г. и е дел од "12-те богатства на Шпанија". Од самиот вулкан се создава необична атмосфера за љубителите на природните богатства. Во подножјето на Тејде пејзажите потсетуваат на црвената планета Марс. Во ловоровите шуми на надворешниот раб на кратерот често има магла, додека во внатрешноста, слична на пустина, сонцето сјае врз карпите кои ветрот ги претворил во необични форми. Посетете ги карпестите формации Рокес Де Гарсија 
 Цена: 50 € по лице / за деца до 12.99 г - 25 €
2. Целодневна екскурзија до Ла Лагуна и Санта Круз
 Расположен во северниот дел на Тенерифе, Сан Кристобал де ла Лагуна е првиот град, основан на Канарските острови и до денес е единствен заштитен од УНЕСКО како објект од светско културно наследство. Неговата колонијална архитектура, прави улици кои датираат од 15-ти век, големата пешачка трговска зона ќе ве остават без здив. Ла Лагуна е и универзитетски центар и бивши главен град на островот. Градот се смета за културно седиште на Канарските острови. Главна атракција е катедралата "San Cristobal de La Laguna" , во која се наоѓаат мошти на Алфонсо Фернандез де Луго - основоположник на градот. 
 Санта Круз де Тенерифе e пристанищен и главен град на островот Тенерифе. Основан е во 1494 г. Британскиот воено-поморски херој капетан Хорацио Нелсон ја губи десната рака при неуспешен напад над Санта Круз во 1797 г. Тука се наоѓа "Аудиторио де Тенерифе Адан Мартин“  - конгресно-концертна сала проектирана од архитектот Сантијаго Калатрава. Посета и слободно време на плоштад Еспања - срцето на градот, со многу продавници, ресторани и кафулиња.
 Цена: 59 € по лице / за деца до 12.99 г - 30 €
3.Полудневна екскурзија до Икод де лос Винос и Ла Оротава.
 Расположен во северниот дел на Тенерифе, Икод де лос Винос е град познат по своите вина уште од 16-ти век. Стариот град е околу главната црква "Сан Маркос", плоштадите на "Лоренцо Касерес" и "Ла Пила" и манастирот "Сан Франциско". Најпозната атракција е Drago Milenario – илјадалетното змејско дрво – симбол на Тенерифе, а во 1917 г. е прогласено за национален споменик. Тоа е најголемиот и најстар жив пример на "Dracaena draco" растение. Ла Оротава е еден од најстарите градови на Канарските острови, основан на почетокот на 16-ти век. Градот го негува богатото наследство, кое може да се види во неговата архитектура, градини и обичаи. Градот е "вратата" кон националниот парк Тејде. Посетителите можат да ја видят црквата "La Concepción", изградена во 18-ти век, неколку величествени куќи меѓу кои и "La Casa de los Balcones" (Куќата со балконите) изградена во 1632 г. со прекрасни балкони и градини. Овој гостопримлив град е прекрасно место да пазарите и да уживате во убавите гледки. Ла Оротава исто е дом на годишната фиеста на "Корпус Кристи", кога главните улици и плоштади на градот се полни со килими од песок и шаренило.
 Цена: 55 € по лице  / за деца до 11.99 г - 28 €
 4. Целодневна екскурзија до остров Ла Гомера
 Остров Ла Гомера е на запад од Тенерифе со територија 370км².  Посетата на Ла Гомера претставува близок контакт со природата на островот, со неговите бујни шуми, води, полни со живот и мека клима во текот на годината. Од 2011 г. Ла Гомера е означен како биосферен резерват на УНЕСКО, меѓународно признание за богато и разнообразно природно наследство на островот. Меѓу природните скровишта на островот се наоѓаат ловорови шуми и националниот парк Гарахонај – шума со екстремна влажност, објект заштитен од УНЕСКО во 1986 г. Името му доаѓа од романтичната легенда за невозможна љубов меѓу Гара и Хонай.
 Патувањето започнува со фериброд од пристаништето Лос Кристианос. Во програмата е вклучен ручек во локален ресторан во Агулјо - каде ќе го чуете "silbo gomero’'  - јазик со свиркање забележан од 16 век навака. Слободно време во Сан Себастијан де Ла Гомера, каде се наоѓа куќата "Columbus" во која Колумбо живеел за кратко пред да се отплови за Америка.
 Цена: 105 € по лице / за деца до 11.99 г - 95 €
5. Билет за посета на Лоро Парк
 Loro Parque е зоопарк со територија 135 000м². в покраините на Пуерто де ла Крус на Тенерифе. Паркот е замислен како рај за папагали и низ годините се претвора во една од најголемите атракции на Канарските острови  со над 40 милиони посетители. Паркот ја има најголемата колекција папагали во светот, најголемиот базен за шоу со делфини во Европа, најголемиот пингвинариум во светот и најдолгиот воден тунел за ајкули во Европа. Тука ќе видите шоу со папагали, морски лавови, делфини и китови-убијци. Освен тоа може да видите алигатори, лавови, тигри, горили, шимпанза, фламинго, медузи и многу други животни.
 Цена: 44 € по лице / за деца до 11.99 г - 31 €
6. Билет за посета на Сиам Парк
 Siam Park – најголемиот тематски парк со водени атракции во Европа. 185 000 м² природа, градини и исклучителен дизајн на тајландска архитектура, уникатно место со многу забава и адреналин. Базени со бранови до 3 метри, воден канал за спуштање, лизгалки, тобоган камиказа висок 28 м, паркот е победник на Travellers' Choice Tripadvisor како најдобриот аквапарк во светот за: 2014, 2015, 2016, 2017, 2018, 2019, 2020, 2021, 2022 година
 Цена: 65 € по лице /  за деца до 11.99 г - 55 €
 
 7.  Прошетка со бродче "Shogun" или "Seabird"
 Доживејте авантура на ориентална едрилица целосно изработена од дрво. Оваа авантура трае 5 часа, ќе имате можност да видите китови и делфини. Со својата географска местоположба и под влијание на ветровите пасати, со врвот Тејде во позадина, Канарските Острови се идеална дестинација со идеална температура 17-24 С˚ во текот на целата година. Сето ова гарантира постојано присуство на многу видови китови како што е китот-пилот, клунести делфини, како и други преселни видови – перкастиот кит. По ова емотивно искуство, ќе се закотвиме во заливот Маска кај импресивните карпи Лос Гигантес за да уживаме во заслужено пливање и вкусен ручек
 Цена: 66 € по лице / за деца до 11.99 г - 33 €
8. Целодневна екскурзија до остров Ла Палма
Ла Палма е еден од најзелените и недопрени Канарски острови, познат како La Isla Bonita („Убавиот остров“). Тој се наоѓа во Атлантскиот океан и е дел од Шпанија. Островот е со вулканско потекло, со драматичен релјеф, густи шуми, длабоки клисури и црни плажи. Главниот град е Санта Крус де ла Палма – прекрасен град со колонијална архитектура. Ла Палма е познат остров по исклучително чисто небо што го прави светски центар за астрономски набљудувања. Во 2021 г. островот стана светски познат и со активирањето на вулканот Cumbre Vieja. Многу добро е развиен еко-туризмот и астрономијата. Ла Палма е и биосферен резерват заштитен од УНЕСКО благодарение на својот биодиверзитет и добро запазена природа. Поради вулканската почва, на островот растат банани, изобилува со вина, мед и сирење.
 Цена: 160 € по лице / за деца до 11.99 г - 130 €
9. Национален парк Тејде – ноќно време за набљудување на небото над Тенерифе
Ноќната екскурзија до врвот Тејде е незабравно доживување сред вулкански пејзажи под едно од најчистите неба во светот. Програмата вклучува патување до Националниот парк „Тејде“ навечер, набљудување на залезот од над 2000 м надморска височина и професионално ѕвездено шоу со телескопи. Учесниците ќе имат можност да го набљудуваат Млечниот пат, како и да научат интересни факти за Вселената во една од ретките и официјално сертифицирани Starlight зони во светот.
 Цена: 84 € по лице / за деца до 11.99 г - 59 €