ОСМОМАРТОВСКИ ПАТУВАЊА

ВЕНЕЦИЈА (Трст - Милано - Верона)
 

Венеција - Господарка на Јадранот...град на вода со повеќе од 400 канали и исто толку мостви, со векови е еден од најубавите градови што некогаш човекот ги создал...Венеција е колаж од раскошни палати на каналот Гранде, таинствени улички, канали, мостови, гондоли, повеќе од 100 фасцинантни цркви, симпатични плоштади и колоритни фасади... Најуникатен град на планетата Земја... во минатото најмоќна светска поморска и трговска сила, денес го живее истиот сјај од врвот на својата слава во 15 от век. Венеција не може никој да Ви ја прераскаже... едноставно морате да ја доживеете нејзината убавина.

1 ден   06.03.2024 СКОПЈЕ:    Состанок на групата во 09.30 ч на паркингот спроти х.Холидеј Ин. Поаѓање во 10.00ч. Се патува преку грaничниот премин Табановце, Србија, Хрватска, Словенија. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.
2 ден  07.03.2024  ТРСТ – Outlet Shoping centar PALMANOVA -  ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО: Очекувано пристигнување во Трст во претпладневните часови. Прошетка низ центарот на градот, плоштадот на Обединување, каналот Гранде, Понте Росо... Слободно време за индивидуални прошетки. Во договор со водичот патувањето продолжува накај Лидо ди Јесоло со попатна посета на Outlet шопинг центар  Palmanova. Во попладневните часови пруистигнување во Лидо.  Сместување во хотел. Слободна вечер за прошетки низ Лидо. Ноќевање.
3 ден 08.03.2024  ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО – МИЛАНО - ВЕРОНА: Појадок. По појадокот заминуваме накај Милано. По пристигнувањето   одиме на   разглед на градот: тврдината Сфорцеско, Piazza Duomo, централниот плоштад каде се наога најголемата готска катедрала во светот, потоа одиме на Via Vittorio Emanuelle најдобрата шопинг улица, Oktogon, односно галеријата Vittorio Emanuelle каде се наоѓа 196м долг покриен премин со многубројни продавници кој пак не води до зградата на Миланска опера една од најпознатите оперски куќи во светот... Слободно време за индивидуални прошетки. Во договор со водичот продолжуваме кон  Верона. Прошетка низ плоштадите Бра, Ербе и Данте, Арената, куќата на Јулија.Слободно време за прошетка по пешачката улица Мазини, и можност за шопинг. Не пропуштајте добра Италијанска пица на плоштадот Бра.  Во вечерните часови враќање во Лидо. Ноќевање.
4 ден  09.03.2024  ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО - ВЕНЕЦИЈА: Појадок . Напуштање на собите. Заминување за Венеција. Превоз со брод од пристаништето Пунта Сабиони до Венеција. Прошетка низ Заспаната убавица од средниот век. плоштадот и црквата Сан Марко, мостот Риалто, мостот на воздишките, Дуждевата палата, каналот Гранде... Слободно време за индивидуални прошетки. Убаво е да се искачите на кулата звоник од каде има прекрасен поглед на цела Венеција и секако возете се со гондола низ каналите на Венеција, посетете ја Дуждевата палата и црквата Св.Марко.  Во договор со водичот поаѓање кон Скопје.  Ноќно возење со попатни пауза за одмор и царински формалности.
5 ден  10.03.2024 СКОПЈЕ: Пристигнување во Скопје во попладневните часови
.

ЦЕНА ЗА УПЛАТА ДО  15.12.2024:  149 евра / 9.240 ден
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  169 евра / 10.480 ден


Цената вклучува:

-Превоз со високотуристички автобус на наведената релација

-2 ноќевања со појадок во Лидо ди Јесолоили околина, хотел 3*

-Организација на аранжманот

- Лиценциран туристички придружник на патувањето 


Цената не вклучува:

- Превоз + бродски билет до/од Венеција  30 €

- Посета на Милано и Верона 60 €

- Туристичка такса за ноќевање во Италија( 2  по лице по ноќ, се плаќа во агенција)

- Влезници за музеи и споменици

- Задолжително патничко осигурување 200 мкд

- Доплата за седиште по избор 20€

- Доплата за дополнително седиште 120€

- Доплата за еднокреветна соба 2.500 денари

 

НАПОМЕНИ:

  • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%,целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.