ДВОДНЕВНО ПАТУВАЊЕ ДО НАЈГОЛЕМИОТ БОЖИЌЕН БАЗАР ВО ГРЦИЈА

ТРИКАЛА– Тесалија (со целодневна посета на Метеори)
(СО АВТОБУС / 1 НОЌЕВАЊЕ / 2 ДЕНА)
07 – 08.12.25


0
7.12.25 недела: Поаѓање од Струмица во 06:00 часот од договорено место. Влез во Грција преку граничен премин Богородица-Евзони. По пасошките формалности групата продолжува према Трикала, волшебно место каде што се чувствува посебна магија за време на Божиќните празници. Вашите најмили можат да ја посетат куќата на Дедо Мраз, да направат прекрасни фотографии со џуџињата, да цртаат, да гледаат, но и да учествуваат во активностите на џуџињата. Забавниот парк ќе ги импресионира како најмалите така и возрасните. И овој Божиќ, во работилницатата на џуџињата се работи со полна пареа. Нé пречекуваат во нивните топли пекари со привлекувачки мирис и убава глетка. Божиќ во работилницата на џуџињата е најсладок и волшебен. Оваа година, Трикала ке биде во знакот на Петар Пан и неговата дружина кои 47 дена ќе го исполнат градчето со насмевки, светлина и имагинација. А кога ќе падне мракот и ќе се запалат светлата, ќе откриете дека сонот станува јаве и дека детето во вас никогаш не пораснало...Целодневна забава за сите. Во доцните попладневни часови поаѓаме накај Каламбака. Сместување во хотел во двокреветни и трокреветни соби. Ноќевање.

08.12.25 понеделник: Се будиме под величествените карпи на Каламбака. Појадок. Заминуваме кон прекрасните манастири Метеора, висечките манастири – чудото на Грција. По пристигнување на комплексот предвидена е посета на Големиот Манастир – Преображение Христово, (машки манастир) најстариот и најголемиот, импресивен и восхитувачки. Слободно време за разглед. Доколку дозволува времето можност за посета и на Манастирот Варлаам – изграден во 1350 година и кој после смртта на својот градител - монахот Варлаам бил затворен и напуштен скоро 200 години. Попладне, во договорено време со групата, поаѓаме кон Македонија. Попатна посета на фабриката за икони. Попатни паузи за освежување. Пристигнувањево вечерните часови.

 

Цена по лице: 5.500 денари
Дете до 2 години патува бесплатно (без седиште во автобусот)
Дете над 2 години плаќа полна цена


Во цената е вклучено:
автобуски превоз на дадената релација
 професионален водич
 сместување во двокреветни / трокреветни соби со појадо, во хотел со 3* во Каламбака
 организација и водство на аранжманот

Во цената не е вклучено:

 Патничко осигурување (информации во агенцијата)
 Влезници во манастирите – (се плаќаат на лице место)
 туристичка такса 5 еур на соба на ноќ (се плаќа на рецепција)
 За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници.
 Резервација се прави со депозит од 50% од износот, доплата 10 дена пред поаѓање.