ЕСЕНСКИ ПАТУВАЊА

ЛУТРАКИ И ВОДЕН

08 – 09.12.22


Прв ден: 08.12.2022
 Поаѓање на групата од Скопје во утринските часови кон Грција преку граничниот премин Богородица. Попатни паузи и царински формалности. Околу пладне пристигнување во Лутраки. Сместување во хотел  3* во двокреветни и трокреветни соби. Краток одмор од патувањето. Потоа заминување на групата кон топлите извори и слободно време за користење на базените со топла вода. Почуствувајте ја смирувачката топлина на водата (37°С) и дозволете им на очите да талкаат по водоскоците на реката Св.Никола.  Враќање во хотелот. Факултативна свечена вечера со музика во ресторан Калофагас кај добро познатиот газда Митре. Ноќевање.

Втор ден: 09.12.2022 Напуштање на хотелот и заминување кон бањите. Слободно време за користење на базените со топла вода. Попладне заминување на групата кон Воден. Слободно време за разглед на прекрасните водопади и уживање во зелениот амбиент  со високи дрвја и цветници. Водопадот Каранос е со висина од 70 метри и е најголем во Грција. Нема да пропуштиме да прошетаме зад огромната водена завеса изградена за уживање во силата на водата како и на плодната македонска рамнина што лежи пред нас. На пониско ниво, ќе го видиме влезот во пештерата со голема геолошка вредност, која претежно е покриена со вода што паѓа. Водата ги погодува карпите создавајќи двоен водопад, познат како Ламда, кој завршува во два синкаво-зелени водени базени. Индивидуална организација за ручек и кафе .Во вечерните часови заминување на групата кон Македонија и пристигнување во  вечерните часови.

 

Цена на аранжманот:  2.650 денари

 

Цената вклучува:

  • Превоз со туристички автобус
  • Сместување во хотел 3* на база 1 ноќевање
  • Туристичка такса
  • Wi-fi во хотелот

Цената не вклучува:

  • Свечена вечера со музика во ресторанот Калофагас – 20 евра
  • Користење на бањите со топла минерална вода од 2 – 5 евра по лице
  • Патничко осигурување

Напомена: За реализација на ова патување потребни се минимум 40 патници