КАВАЛА

СО ПОСЕТА НА ЦРКВАТА СВЕТА ЛИДИЈА

2 дена/ 1 ноќ / автобус
 

1 ден 07.03.2026 (сабота) Струмица – Кавала  Поаѓање за Кавала во 05.15 часот од Струмица, бензинската Макпетрол кајкружен тек. Патување со попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Кавала. Слободно време за прошетка низ градот. Посета на црквата Св.Никола, до црквата се наоѓа местото каде што се смета дека Апостол Павле за прв пат стапнал во Европа. Потоа продолжуваме кон тврдината, Имаретот изграден во 1917 година – врвот на муслиманската архитектура, споменикот и куќата каде бил роден во 1769 Мехмед Али- основачот на Египетската династија, како и симболот на Кавала – Аквадуктот изграден од Сулејман Величенствениот. Тоа е оној традиционаленсимбол кој овозможува магичен поглед како град распослан по морето кој го симболизира духот на поморскиот идентитет и долгото очекување на морнарите да се вратат покрај своите семејства и да си посакаат топло добредојде. Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање


2 ден 08.03.2026 (недела)
 Кавала – Струмица Појадок. По појадокот, одјавување од хотелот. Слободно време за индивидуални активности. Поаѓање за Македонија. Попатна посета на црквата св. Лидија во истоименото село. Лидија била првата жена која била крстена од Апостол Павле и која го прифаќа христијанството. Од овде, започнува ширењето на христијанството низ Европа. Пристигнување во Македонија во доцните вечерни часови.


Цена: 79€ / 4.900 денари


 Во цената на аранжманот е вклучено:

• превоз со високо туристички автобус
• 1 ноќевање со појадок во хотел Esperia 3* во Кавала https://www.esperiakavala.gr/en/ 
• Разглед на Кавала и Црквата св. Лидија
• организација и реализација на програмата со лиценциран туристички придружник


 Во цената на аранжманот не е вклучено:

• туристичка такса – 120 денари ( задолжителна доплата во агенција)
• патничко осигурување-150 денари ( задолжително)
• влезници за културно-историски споменици


 
 Агенцијата организира превоз до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот.


 Општи напомени :

- Агенцијата го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.

- Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата

- За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.

- Во случај на доцнење на автобусот поради временските услови , вондредни услови во сообраќајот, прекумерни задржувања на границите, расипување на истите или слично, организаторот на патувањето нема одговорност за евентуалните настанати задоцнувања.

Пасошот треба да важи минимум 3 месеци пред истек на неговата валидност од планираниот датум на враќање.

За реализација на аранжманот се потребени минимум од 40 патници за автобус!