ОСМОМАРТОВСКИ ПАТУВАЊА
САРАЕВО
(Вишеград-Коњиц-Јабланица-Мостар-Босански Пирамиди)

1 ДЕН 07.03.2024: СКОПЈЕ.Состанок на групата  во 19.30 часот пред пошта на нова железничка станица. Поаѓање  во 20.00 часот. Патот води преку Скопје, Ниш, Лесковац, Чачак.. Попатни паузи за царински формалности и кафе паузи.

2 ДЕН 08.03.2024: ВИШЕГРАД-САРАЕВО: Првото место за посета е Вишеград - прекрасен град каде туристите имаат можност да крстарат по Дрина и да се запознаат со природните и историски убавини на градот, да ги слушнат легендите за близнаците Стоја и Остоја и за невестата Фата. Посета на симболот на градот - мостот изграден по наредба на Мехмед Паша Соколовиќ и денес е под заштита на UNESCO, опишан во романот на Иво Андриќ „Мостот на Дрина“. Можност за посета на Aндриќград познат како Каменград чиј инвеститор е познатиот тенисер Новак Џоковиќ, како културен центар изграден е по иницијатива на Емир Кустурица а за туристи официјално е отворен во 2012 година. Слободно време за прошетка. Пристигнување во Сараево и панорамски разглед на градот со локален водич...Баш Чаршија, Парламентот, Грбавица, изворот на реката Босна (Врело Босне), местото каде е извршен атентатот врз Франц Фердинанд, Олимписките борилишта...Сместување во хотел. Слободно време. Вечерта, свечена вечера (шведска маса) и музика во хотелот (факултативно). Ноќевање.

3 ДЕН 09.03.2024: САРАЕВО-КОЊИЦ-ЈАБЛАНИЦА-МОСТАР Појадок. Слободно време за индивидуален разглед на градот, или факултативен полудневен излет по долината на Неретва (со попатна посета на познатиот Титов бункер-атомско скривалиште на Тито во Коњиц, направен да го заштити Југословенскиот претседател, како и 350 негови најблиски соработници од евентуален нуклеарен напад...АВК е атомско засолниште и е еден од најголемите подземни објекти направени во бившата држава...патувањето продолжува за Мостар-најважниот град во Херцеговина...посета на старата чаршија, Камениот мост (16.век), ремек дело на Мимар Хајрудин, кулите Тара и Хелебија, Караѓоз-беговата џамија...слободно време за одмор, или индивидуален разглед на градот...поаѓање за Сараево, со попатна посета на Јабланица, можност за ручек во некој од рестораните покрај магистралата, со преубав поглед на Неретва...враќање во хотел во касните попладневни часови. Ноќевање.

4 ДЕН 10.03.2024: САРАЕВО-БОСАНСКИ ПИРАМИДИ-ВИСОКО-САРАЕВО-СКОПЈЕ Појадок, Групата се упатува кон Босанските пирамиди. Пред повеќе од 10 години, во Босна беше пронајдено големо откритие кое го шокираше светот, особено историчарите и археолозите. Босанските Пирамиди беа пронајдени од страна на Др.Семир Османагич и тие го издигнаа до врвот на неговата кариера. Босанските пирамиди се наоѓаат во близина на градот Високо, а според најновите истражувања датираат од предбиблиска историја.  Под  пирамидите се пронајдени три подземни одаи и мало сино езеро. Езерото содржи чиста вода, без бактерии, алги, печурки, микроорганизми, животни, мов и кал. Ја нарекуваат жива вода, затоа што го прочистува телото. Тоа значи дека тие објекти всушност се „одаи за прочистување“ и тука телото побрзо се регенерира и болестите исчезнуваат. Покажано е дека просториите под пирамидите имаат лекувачка моќ и поради големото ниво на јонизација. По посетата се враќаме во хотел. Патниците кои нема да ги посетат пирамидите имат слободно време во хотел со тоа што по враќање од излетот ќе бидат земени од хотел. Поаѓање кон Македонија.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ за уплата до 10.02.24        6.820 ден. (110€)

РЕДОВНА ЦЕНА    8.060 ден. (130 €)

                                               

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:

-Автобуски превоз на горенаведената релација

-Разглед на Сараево со локален водич

-2 НП (шведска маса) во Сараево хотел со 4*www.hotel-holywood.ba

-Посета на Мокра Гора (Дрвенград) и Вишеград

-Организација на патувањето и пратител

 

ЦЕНАТА на АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

Факултативни излети и посети

-Тунел Спаса  (трансфер+влезница)-15 €

-Коњиц-Мостар-Јабланица-45 € по лице (трансфер+влезница за бункерот)  

-Врело Босне (трансфер+влезница) 2 €

-Влезница за Дрвенград – 2,5 €

-посета на Босански пирамиди-Тунел Равно-25 €

-Свечена осмомартовска вечера (шведкса маса) со музика во хотел HOLYWOOD-20 €

- Патничкото осигурување 200 денари

-За еднокреветна соба се доплаќа 45 евра дополнително од аранжманот

- Потребен број за резлизација на секоја факултатива е 35 патници

Попусти за деца:

Деца од 0 – 4 години бесплатно (спијат во кревет со родител)

Деца од 4 до 12 години плаќаат 50 % од аранжманот (со двајца возрасни)

Хотел ХОЛИВУД 4* (www.hotel-holywood.ba) е сместен во центарот на Илиџа, wellness центар (сауна, турско купатило, солена соба, салони за масажа, фитнес центар, затворен Олимписки базен, куглана, билијард...) Користењето на базенот и фитнес центарот се БЕСПЛАТНИ за гостите на хотелот.


НАПОМЕНА:
За реализација на овој аранжман – потребен е минимум од 40 патници. За евентуален отказ на овој аранжман – патниците ќе бидат известени најкасно 5 дена пред денот на поаѓање.

-          Патувањето се одвива според новите пропишани протоколи за работа со туристички групи.

-          Агенцијата го прави распоредот на седење според уплатата. Доколку туристите имаат барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за време на патувањето од Скопје до Сараево и назад но не и за време на екскурзиите (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот).

-          Патниците се должни во секое време да внимаваат на својата и безбедноста на сите во групата, како и да ги почитуваат дадените насоки и препораки за однесување во автобус од страна на организаторот.

-          Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради новонастанати ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот.

-          Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.

-          За ова патување,  потребна е ЛИЧНА КАРТА или ПАСОШ.

Агенцијата го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата (застој во сообраќај, локални штрајкови, локали предупредувања, каснење на патници, непочитување на сатница закажана однапред од страна на агенцијата. Во согласност со одредбите на Законот за туристичка дејност, за ова патување важат и се применуваат Општите услови за патување на организаторот

      -Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари