ОСМОМАРТОВСКИ ПАТУВАЊА
СЛОВЕНИЈА, АВСТРИЈА И ЧЕШКА

МАРИБОР – ШТАЈЕР ЛИНЦ - ЧЕШКИ КРУМЛОВ ГРАЦ

 

(06.03.2024-11.03.2024)

 

 

Скриените убавини на Австрија и Чешка... Градови под заштита на УНЕСКО и престолнини на културата... Места на кои никогаш нема да се сетите дека треба еден ден да ги посетите!

 

Прв ден: 06.03.2024 година (среда)  Заминување на групата во 20:00 часот од Скопје (од пред договорено место) кон Словенија со туристички автобус преку граничниот премин Табановце. Попатни одмори.

Втор ден: 07.03.2024 година (четврток) Пристигнување во Марибор во претпладневните часови. Организиран разглед на градот со локален туристички водич: Прошетка преку Плоштадот на генералот Маистра до Покраинскиот Музеј кој има свои изложбени простории во Мариборскиот Градски дворец. Потоа продолжуваме покрај Фрањевачката Црква, Плоштадот Леона Штукља до Сломшковиот Плоштад, Катедралата Св. Иван Крстител од 12-ти век,  Жидовската Кула и Синагогата. Разгледот го завршуваме пред најстарата лоза на светот-плава жаметовка која е впишана во Гинисовата книга на рекорди и ја симболизира традицијата на виновата културна дестинација Марибор-Похорје. Потоа сместување на групата во хотел B&B Hotel 3* во центарот на Марибор во двокреветни соби (https://www.hotel-bb.com/en/city/hotels-maribor ). Слободно  попладне за индивидуални  активности и прошетки низ градот. Ноќевање.

Трети ден: 08.03.2024 година (петок)  Појадок. Се одјавуваме од хотелот и заминуваме со лиценциран туристички водич кон Австрија. Пристигнуваме во Штајер, мал австриски град кој во средниот век бил центар на железната индустрија. Градот се наоѓа во сливот на реките Штајер и Енс и до денес во централното градско подрачје ги има зачувано најубавите средновековни градби кои имаат мотиви на барок. Ќе прошетаме низ главниот Плоштад, ќе ја видиме зградата на Градското Собрание во рококо стил како и Катедралата. По организираниот разглед, слободно време за индивидуални прошетки. Во договореното време го продолжуваме нашето патување кон Линц, третиот по големина град во Австрија, градот кој  во последните 15 години прерасна во еден од најразвиените центри на културата во Европа. Сместување на групата во хотел Park Inn by Radisson Linz 4* (https://www.radissonhotels.com/de-de/hotels/park-inn-linz ) во центарот на Линц. Слободно време за одмор од патувањето. Во попладневните часови заминуваме на разглед на овој живописен град кој лежи на реката Дунав. Градот е интересен по неколку атракции: Тука е најголемиот Плоштад во Европа-Hauptplatz  опкружен со барокни фасади, а во централниот дел се наоѓа столбот на кугата подигнат во знак на сеќавање на болните... Црквата Sveti Martin е најстарата австриска црква а некои делови во неа потекнуваат од средината на осмиот век... Mariendom е најголемата црква во Австрија градена во неоготска архитектура која е особено  импресивна по црквената кула. Во неа можат во истовреме да влезат 20.000 луѓе... Mozarthaus е куќата во која во 1783-та година престојувал композиторот Моцарт и тука ја компонирал својата Linz симфониија. Слободно време за индивидуални прошетки. Препорачуваме задолжително да ја пробате прочуената Lincer торта и да уживате во шопингот што Ви го нуди овој град.  Враќање во хотелот. Ноќевање.

Четврти ден: 09.03.2024 година (сабота)  Појадок. Заминуваме со лиценциран туристички водич кон најубавиот и најромантичниот град во Јужна Чешка-Чешки Крумлов изграден во 13 век, а од 1992 е под заштита  на УНЕСКО како единствен пример на најдобро сочувана урбана целина. Градот е сместен на брегот на реката В`лтава и заедно со неа прави неверојатен пејзаж-над неа се издигнуваат ренесансни и барокни палати и куќи поврзани со улички чија атмосфера Ве носи во далечното минато. Разгледување на најпечатливите места - главниот плоштад со фонтаната која некогаш била единствениот извор на вода за пиење, црквата Св. Вита која доминира во градот, а потоа слободно време за прошетки во овој град со неверојатна убавина низ чии улици бројни режисери ги снимале своите филмови. Чешки Крумлов е познат и по пиварата Eggenberg чија традиција е долга речиси колку и историјата на градот. Во договореното време се враќаме во хотелот во Линц. Ноќевање.

Трети ден: 10.03.2024 година (недела)  Појадок. Се одјавуваме од хотелот и заминуваме со лиценциран туристички водич на целодневен разглед на Грац, живописен град покрај реката Мура кој во 2003-та година е прогласен за престолнина на културата. Во центарот на стариот град ќе ги видиме главните градски атракции: старата дворска пекара, Катедралата, главниот Плоштад со Градското Собрание, Палатата на селските станови со ренесансен двор... Од пешачкиот мост над реката Мура  ќе имаме поглед на пловечкиот остров во облик на школка на реката Мура и на уметничката куќа „Kunsthaus“. Слободно време за индивидуални прошетки. Во договореното време заминување на групата кон Македонија. Пристигнување во понеделник, 11.март во претпладневните часови.

   

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 369 евра (22.880 денари)
(плаќање во денарска противвредност)

 

  Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

 - Превоз со туристички автобус на наведената релација

- Едно ноќевање со појадок во B&B Hotel 3* во Марибор

- Две ноќевања со појадок во хотел Park Inn by Radisson Linz 4*  во Линц

- Организриран разглед на Марибор, Штајер и Линц

- Целодневен излет во Чешки Крумлов

- Организиран разглед на Грац

- Лиценциран туристички водич за сите разгледи вклучени во програмата

- Организација на патувањето и лиценциран туристички придружник

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:

 - Доплата за еднокреветна соба – 110 евра (за трите ноќевања)

- Туристичка такса во Марибор и Линц - 500 денари за сите три ноќевања (се плаќа во агенцијата)

- Патничко осигурување

 

НАПОМЕНА: За реализација на патувањето потребни се минимум 40 патници